ВРАХОС | Вила Лукас
ВРАХОС БИЧ– се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.
ВРАХОС е една од најбараните дестинации во изминатите години. Во ова мало место се наоѓа една од најубавите плажи на јонското море. Врахос се наоѓа помеѓу Парга и Превеза и ги воодушевува туристите со своите природни убавини. Тука можете да најдете прекрасна комбинација на бесконечна песочна плажа, тиркизна морска вода и прекрасна зелена планина. Покрај плажата има шеталиште на кое се лоцирани голем број на кафе барови и ресторани.
Вила Лукас– А категорија, е лоцирана во првиот ред веднаш до плажата во централниот дел на туристичкото место Врахос.
Собите се опремени со ТВ, oсновно опремена кујна, тоалет и wi-fi, Користењето на клима уредот не е вклучено во цената, и изнесува 4 евра на ден на лице место.
Соба бр.10 на предна страна према море – со едно дупло легло и едно единечно
Соба бр.8 на задна страна, не гледа на море – со едно дупло легло и едно единечно
Соба бр.3 на предна страна према море – со две единечни легла
Пред вилата има паркинг за ограничен број возила. Исто така пред вилата има бар на плажа каде има бесплатни лежалки при нарачан пијалок. Во близина на вилата има голем број на ресторани, кафе барови и маркет.
Цените се изразени за НАЕМ на СТУДИО, за 7 ноќевања, изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд
Координати: 39.178462, 20.545855
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62MКД
10% ПОПУСТ ЗА СИТЕ РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2022
На Промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација
Сместување
ВИДЕО
Локација