ТОРОНИ | ВИЛА АПАРТМАН “ФЛОРА”
Торони се наоѓа на југоисточниот дел од вториот крак, на полуостровот Ситонија. Долгата песочна плажа и тиркизната боја на егејот заокружени со боровата шума го прават ова место вистински рај. Убава пешачка патека покрај плажа, многу детски занимливости,ресторани,маркети ,а пред се и највкусната и свежа риба се служи во Торони. Идеално место за одмор за секоја возраст
Торони е мало место помеѓу Неос Мармарас и Порто Коуфо, на југозападниот дел на вториот крак од Халкидики, Ситонија, на 17 километри јужно од Неа Мармарас, оддалечено околу 130 км од Солун. Заштитен знак му е преубавата плажа долга 2 км која е наградена со Сино Знаме и која секој турист го остава без здив…
Вила Флора е одлично позиционирана на само 30м од плажа, во близина на првиот влез во Торони. Вилата е поставена на главната улица, која воедно минува и покрај самата плажа, во непосредна близина до сите потребни содржини на ова место. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и апартмани распоредени на високо приземје, прв и втор кат. Секоја од собите е опремена со соодветен мебел, мини кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса. Во склоп на самата вила на приземјето од куќата има ресторан таверна каде што гостите имаат полупанскионска услуга и да уживаат во вкусовите на традиционалната грчка кујна.. Вилата заради непосредната близина на прекрасната плажа во Торони и мирниот карактер на селото е одличен избор за релаксиран летен одмор.
Локација/ Кординати: 39.989060, 23.898658
-30% за резервации со комплетни уплати до 01.02.2023 (стопиран попуст пополнети соби на акција)
-20% за резервации со комплетни уплати до 01.03.2023
-10% за резервации со комплетни уплати до 01.05.2023
Тип на соба | Услуга |
---|---|
STD 1/2 | Half Board |
STD 1/3 | Half Board |
App One Bedroom | Half Board |
1/2+1+Exb | Naem |
СМЕСТУВАЊЕ
ВИДЕО
Временска прогноза
Локација