TIGNES – VAL D’ISERE
€599,00
На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy -Tignes i Val d’Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за едно од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d’Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! Делот Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte и врската Val d Isere како и одличниот ноќен живот. Центарот ги вклучува скијачките ресорти Val d’Isèreи Tignes
Традиционално, и оваа година скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи, на легендарните ски стази на олимписки шампион Jean-Claude Killy. На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d’Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d’Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere и одличниот ноќен живот.
BUS 2 – FIRST MINUTEЦЕНА:За уплата до 15-ти Ноември 2022
Цените се дадени за пакет аранжман во Евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
Термин: | TIGNES-VAL D’ÍSERE BUS 2 | од | 589 € | ||||||
20.01.2023 | Ski F R A N C E 2023 | ||||||||
Residence: SKI IN – SKI OUT | |||||||||
Residence | ЛОКАЦИЈА | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | |||
СТУДИО, “HOME CLUB” 21m2 / HC101 | LAVACHET | 589 | 649 | 779 | |||||
AПТ, “HAMEAUX DE TOVIERE “ 38m2 / HMDT5-5 | LAVACHET | 599 | 639 | 699 | |||||
СТУДИО, ” PALAFOUR“, 28m2 /PALAF202 | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
СТУДИО, ” PALAFOUR“, 28m2 /PALAF809 | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
СТУДИО, ” SOLEIL A“, 34m2 / SOL12А | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
АПАРТМАН, “DUC DU SAVOI“, 56m2 / DUCSAV11 | LAC | 639 | 679 | 749 | |||||
АПАРТМАН, “CIMES“,60m2, CIM12 | LAC | 639 | 679 | 749 | |||||
СТД, “ROUND POINT DES PISTES“,24м2 /RPPC180 | VAL CLARET | 599 | 669 | 819 | |||||
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА ЗА “ESPACE KILLY” SKI PASS : 30 evra |
1.ден-петок. СКОПЈЕ-TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8.Ден. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Шест дневно скијање во Espace Killy –Tignes и Val d’Iser. Ноќевање
9. ден-сабота. 22.01.2022. TIGNES- LAVACHET-LAC-VAL CLARET–СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.
10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција, во МКД.
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- ЗадолжителнаДоплата за Ски комплекс Espace Killy, 300 km стази: 30€во МКД.
За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоци кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Генерален опис : Студиа /Апартмани Tignes – Val Claret
https://mytignes.tignes.net/les-activites
Aпартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради во деловите од Val Claret-Tignes регијата. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина. Истите се на самите стази или нивната близина и во близина на Ски лифтовите.Постои бесплатен дневен шатл бус кон Тињ, како и кон Вал Дизер (со доплата).
LAC:
ResidencePALAFOUR: Резиденцијата PALAFOUR се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), со директен пристап до ски-лифтот (лифтот Palafour и гондолата Tovière) и до точката за состанување на ски училиштата. 50 m од водениот парк Лагон, 100 m од Спортско-конференцискиот центар Tignespace. комерцијална галерија со сите продавници и услуги (скијачки продавници, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани).11 ката со 4 лифтови. Приватни шкафчиња за скијање на подрумот. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50мСТУДИО PALAF202, за 4 лица, 28м2,.Балкон со јужен поглед со поглед на езерото. Во влезниот дел од студиото има кревети на спрат за 2 лица. Дневна соба со софа на отварање за 2 лица, телевизор.. Кујна отворена во дневна соба со:4 рингли, Фрижидер, Печка, Машина за миење садови.Бања со када, мијалник и WC. СТУДИО PALAF809, за 4 лица, 26м2, 8-ми спрат.Тераса свртена кон исток.Кујна отворена во дневна соба со:2 керамички стакла за готвење, фрижидер, печка, микробранова печка, Машина за миење садови. Во влезниот дел од студиото има кревети на спрат за 2 лица. Дневна соба со софа: кревет на извлекување за 2 лица, телевизор.Бања со када, мијалник. Посебно WC. Residence“SOLEIL A”: Резиденцијата SOLEIL е сместена во TIGNES LE LAC (2100 m),Rue de la Poste (2100 m), во непосредна близина на ски стазите и на пешачка дистанца од продавниците за спортска опрема, Школото за скијање, супермаркет, барови, ресторани, 50 m од водениот парк Лагон. Има прекрасен поглед кон масивот Toviere, ледникот Grande Motte и езерото.СТУДИО SOL12 A, за 4 лица, 34м2, прв спрат.Тераса свртена кон југсо поглед кон езерото.Кујна отворена во дневна соба со:4 керамички стакла за готвење, фрижидер, печка, микробранова печка, Машина за миење садови. Кабина со голем кревет за 2 лица. Дневна соба со софа: кревет на извлекување за 2 лица, телевизор.Бања со када, мијалник. Посебно WC. Residence“DUC DU SAVOI”: Резиденцијата SOLEIL е сместена во TIGNES LE LAC (2100 m),Rue de la Poste (2100 m), на 20 м. од ски лифтот PALAFOUR, гондолата Toviere и ски стазите. На 20м. од сите продавници (маркет, ски школа, барови и ресторани), и од водениот парк Лагон. Отворен поглед кон езерото и ледникот Grande Motte.АПАРТМАН DUCSAV11, за 6 лица, 56м2. Прв спрат.Голема тераса свртена кон југ. Од дневната соба има прекрасен поглед на езерото, масивот Toviere, ледникот Grande Motte. Дневната соба е воедно и трпезарија со маса и столици. Во дневната соба има тросет кој се претвара во голем кревет за 2 лица, конфорна софа за седење ( дури и за спиење), ТВ. Посебна спална соба, северно ориентирана, со 2 х кревети на спрат за 4 лица.Кујна во посебен простор со поглед кон север со:4електрични решоа за готвење, фрижидер, печка, микробранова печка, Машина за миење садови..Бања со када, 2 мијалника. Посебно WC. Residence“CIMES”: Резиденцијата SOLEIL е сместена во TIGNES LE LAC (2100 m),Rue de la Poste, во близина на продавници и ски стази, 50 m од водениот парк Лагон. Има прекрасен поглед кон масивот Toviere, ледникот Grande Motte и езерото. Има 6 спрата со лифт и приватни шкафчиња за одложување на скии.АПАРТМАН CIM12, за 6 лица, 60м2,2-ри спрат, јужен поглед. Има прекрасен поглед кон масивот Toviere, ледникот Grande Motte и езерото.Апартманот се состои:Дневна соба со поглед на југ, 2 конфорни софи (троседи) за седење (можност за користење како кревети), голема овална трпезариска маса со столици, ТВ, клуб масичка. Од дневната соба се влегува во мала соба со поглед на југ, каде има 2Х кревети на спрат за 4 лица.Спална соба со поглед на север, со голем кревет за 2 лица,Посебна кујна со поглед на север, со електричен шпорет со 4 рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење на садови.Купатило со када и умивалник. Посебно WC.
LAVACHET:
Residence HOME CLUB : (2100m) се наоѓа во срцето на квартот LE LAVACHET на помалку од 20 m од продавници и услуги (супермаркет, пекара, пабови, ресторани и ски продавници), 150 m од 2-те лифтови Chaudannes и Pâquis до кои лесно може да се стигне пеш, можете да користите и бесплатни шатл-автобуси за да стигнете до поаѓање со скилифт во рок од 5 минути во TIGNES LE LAC или TIGNES VAL CLARET.
Уживајте во погледот на планините и глечерот Гранде Моте (ЈУГ) или езерото Шеврил и Гранде Сасиер (СЕВЕР). Резиденцијата има 9 ката 3 лифтови, приватни шкафчиња за одлагање на скии.На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 100мHOME CLUB HC101 – Студио за 4 лица – 21m². Јужен балкон , 7 ми спрат.. Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица, телевизор. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник, WC.
HAMEAUX DE TOVIERE:(2100m) се наоѓа во срцето на квартот LE LAVACHET, сончево и фамилијарно место, на помалку од 20 m од продавници и услуги (супермаркет, пекара, пабови, ресторани и ски продавници), 150 m од 2-те лифтови Chaudannes и Pâquis до кои лесно може да се стигне пеш, можете да користите и бесплатни шатл-автобуси за да стигнете до поаѓање со скилифт во рок од 5 минути во TIGNES LE LAC или TIGNES VAL CLARET. Резиденцијата нема лифт. Има приватни шкафчиња за скии.
Апартман HMDT5-5: 38м2, први спрат за 6 лица. Голема тераса (35м2)со јужен поглед.
Апартманот содржи:1 спална соба со голем кревет за 2 лица, ТВ, голем прозор и голем француски прозор со излез на тераса. Кабина со кревети на спрат за 2 лица, одвоена со завеса. Дневна соба со трпезарија и софа на извлекување за 2 лица, ТВ, голем прозор и излез на тераса.Кујна опремена со керамички плочи за готвење, микропечка, рерна, машина за миење на садови, фрижидер.Купатило со када, умивалник, електричен сушач за крпи, машина за перење алишта.
Посебно WC.
VAL CLARET:
Residence ROND POINT DES PISTES
Резиденцијата ROND POINT DES PISTES е поделена на 3 згради A, B и CЛоциран во TIGNES VAL CLARET (2100m), скилифтови на 20m (жичница), сите продавници и услуги од 20 до 100m од вашата резиденција (продавници за скијање, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани). Резиденција со лифт. Приватни шкафчиња за одлагање на скии. RPPC180: СТУДИО за 4 лица,24м2,: 2 ри спрат, тераса со јужен поглед Студиото се состои од: Дневна соба со голема софа (тросед) на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Кабинска соба со кревети на спрат. Кујна во рамките на дневната соба со шпорет со 4 рингли на струја, фрижидер, печка, машина за миење на садови. Бања со када и мијалник, Посебно WC.
Ограничен број на Студиа !
ВАЖНИ ЗАВРШНИ НАПОМЕНИ:Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа најдоцна до 03-ти. декември 2022. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен аванс, патниците добиваат договор за патување со сите податоци за патувањето, типот на сместување, разни доплати како и општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Патниците однапред се согласни за овие услови, и истите ги прифаќаат.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед, локација или одреден објект повеќе од наведеното. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
- FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 40€ по лице, без оглед на тип на сместување.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
- Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на пријавени лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со причини за отказот. Отказните трошоци се во согласност со отказните трошоци на иностраниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае.
- Трошоците за откажување на патувањето кои се задржуваат:
- Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 10% од цената
- 8 – 4 недели пред поаѓање: 30% од цената
- 4 – 2 недели пред поаѓање: 50% од цената
- 2 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената
НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!
Espace Killy info
Espace Killy е огромен комплекс на скијалишта во Савојските Алпи, сместен на надморска висина од 1550 м.-3450 м. и ги опфаќа скијалиштата Val d’Iser со 150 км ски патеки и Tignes исто со 150 км ски патеки. Вкупно 300 км. ски патеки. Изузетно добро припремени и долги ски патеки. Тука се наоѓаат и 2 глечера и за летно скијање: Grande Mote (3656 m/n.v.) над Tignes, иPissaillas (3488 m/n.v.) над Val d’Iser. Магично скијалиште, каде може во едно смуштање да скијате на преку 1600 м висинска разлика, од Grande Mote до Val d’Iser. И секако, најдобрата црна ски патека на светот: La Face de Bellevarde
Корисни информации за скијачите за комплексот Espace Killy:
- Вкупен број на ски лифтови: 96 ( 2 ски воза, 8 гондоли, 45 седишници, 41 влечуги )
- Вкупно категоризирани ски патеки: 137 (16 црни, 35 црвени, 64 плави, 22 зелени )
- 2 snowparka
- 331 топ за вештачки снег
Val d’Iser: Модерно скијалиште,сместен на 1800 м/н.в. и оддалечен 12 км од Tignes. Има прекрасен поглед кон глечерот.Убавината на местото ја дава и единствената камена архитектура на објектите. Поради одржувањето на Светскиот куп, целото место е преполно со тимови и посетители. Можда затоа понудата на забава е побогата но и поскапа. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и вечерни барови, ноќни клубови, дискотеки, кино, затворен базен и природно лизгалиште. Tignes :Скијашка мека, покрај заледено езеро, сместен на 2100 м/н.в. Познат и по најдобрите off патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy.
Делот Val Claret е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување, и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. . Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м,19м.широк, 7 м. висок. Секако богата ноќна програма за секого. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Вал Кларет.
La Face de Bellevarde– најадреналинска црна ски патека во Европа https://www.youtube.com/watch?v=qzPT_aYNJG8
Најпозната црна ски патека во Европа, припремена за машка спуст патека за Зимските Олиписки игри 1992 во Албервил. Црна писта со слика на `вертикална граница` за најискусните, најхрабрите скијачи. Дури и такмичарите тогаш реагирале на неверојатната стрмнина и почетна брзина од над 150 км/час, па организаторите поставиле дополнителни врати за да се успори брзината. Патека со голем технички предизвик стрмнина од 71% во долниот дел. Тука се одржале и трки за Светскиот куп 2009.
Факти за La Face. Должина: 3км, Вертикална висинска разлика: 959 м. Стартот е на 2905м. Нагиб: од 5%-71%. Може да се дојде со Олимписката гондола и ски лифт од Val d’Iser. Но La Face и не е толку страшна. Две третини на почетокот се дури и многу пријатни но последната третина е изузетно стрма. Најдобар период е да скијате помеѓу 12.00 и 14.00. Наутро е ледена а подоцна прилично неравна. И секако имајте неколку дена скијање на други патеки и со добра кондиција дојдете тука. Но само за многу искусни скијачи и секако направете кафе пауза на пола патека.
Но имаме и една тајна како да го одбегнете најстрмниот долен дел !. Под La Peau de Vache делот и баш над самата стрмина, има патека која води десно, кон Joseray. Тоа е црвена ски патека која ве води до подножјето на La Face. Нема да откриеме дали сте ја користеле.
ТА Парадизо Флај Травел Сервис
Локација