Соко Бања – Х. БАЊИЦА
СБ БАЊИЦА се наоѓа во мирниот дел на Сокобања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки стази на почетокот на кањонот на реката Моравица.
Благодарејќи и на здравствената служба со сите потребни услови за дијагностика и терапија: заболувања на дишните патишта (бронхитис, бронхиална астма…), коскено зглобни заболувања (артритис, спондилоза, дегенеративен ревматизам…) и полесни нервни заболувања (неуропатијa, стрес, неурози , полинеуропатии…), можеме да ги понудиме следниве програми:
1. Рекреација и Oсновно бањско лекување:
• сместување во конфорни 1/2 и 1/3 соби (купатило, телефон, SAT ТВ, интернет, тераса);
• три богати и разновидни оброци – појадок шведски сто (задолжително етно и диетално јадење секој ден, како и јадење од програмата за здрава исхрана);
• пешачки излети со наши рекреатори и водичи (Бориќи, Лептерија, Сокоград…);
• користење на нашите осветлени спортски терени и теретани во објектот;
• лекарски прегледи и дијагностика: екг, спирометрија, мерење на шеќер и притисок…
• 3 терапии по договор со лекарот (без рачна и подводна масажа):
– инхалации природни и со лек,
– дренажа на бронхии, вежби за дишење…
– комплетна физикална терапија: дијадинамик, ултразвук, магнет, биоптрон ламба, парафин, KTD, солукс ламба, галванизацијa, ултрасонофореза, ласер, eлектрофореза, кинезитерапија, крио терапија…
– комбинирана физикална и хидротерапија;
– капење во термална вода, медикаментозна терапија;
2. Комплетното бањско лекување ( доплата 5€ на ден) вклучува се што е горе наведено и
• без ограничување во бројот на терапиите,
• една рачна масажа или една подводна масажа дневно
Тип на соба | Услуга |
---|---|
Double Room |
FB |
Triple Room |
FB |
ВИДЕО
Локација