СКИАТОС | ЛЕТО 2020: Рана резервација!
Почитувани патници! На ваше огромно барање и наше задоволство ви ја претставуваме понудата за „СОЧЕВО ЛЕТО НА СКИЈАТОС 2020-ТА“
ОСТРОВОТ КАДЕШТО СЕ РОДИ МЈУЗИКЛОТ „МАМА МИА“
На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект нашата екипа пристигна на островот Скијатос! Овој остров за разлика од островот Крф, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Дали може да замислите? ПЛАЖИ: КУКУНАРИЕС Една од најпознатите плажи на Скијатос, се наоѓа на јужната страна на островот.Плажата е пространа и овде секој може да ужива на свој начин. Може во бројните барови да се напиете кафе или пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот. А секако имате и помирен дел каде што може да уживате во интимна атмосфера. ЛАЛАРИА исто во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. БАНАНА Веќе ви спомнав дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?! За летото коешто ни престои, нашата агенција ви нуди два вида на сместување. Со поглед на живописниот залив Трулос, хотелот Есперос нуди одлични студиа со балкони за одлична рекалсација. На само 500 метри од прекрасна празна песочна плажа „FLUVIA“ опколена со борова шума и заведена од шумовите на брановите на чистото море, Есперос е иделално место за оние коишто бараат мирен одмор. Студиата во хотел Есперос располагаат со мину кујна која има фрижидер, посебно купатило со тоалет, телевизор и клима и балкони коишто имаат поглед кон борова шума, а дел од нив и кон морето. Сите соби располагаат со клима уред и телевизор. Гостите во Есперос може да приготвуваат свои оброци или да нарачат ужина од барот и да уживаат на балконот или во дворот на хотелот. Непосредно пред самиот хотел се наоѓаат и ресторани со традиционална храна и продавници. Хотелот се наоѓа до автобуска станица која може да се крористи за посета на Кукунариес или Банана Бич. А исто така може да се посети и градот Скијатос. КООРДИНАТИ ОД GOOGLE MAPS: 39.141483, 23.428305 На само 300 метри од прекрасната песочна плажа „Мегали Амос“, вила Ангела е поставена лоцирана во градот Скијатос. Во ова вила одморот нема да ви биде здодевен, затоа што во секој момент ќе уживате во уметничкиот стар град на Скијатос. Вила Ангела располага со климатизирани соби со балкони кои нудат градски поглед. Подовите во собите се со плочки, собите имаат телевизор и фрижидер. Не во сите соби има кујна, во дел од собите има чајна кујна со решо и фрижидер. Собите располагаат со приватни бањи со туш и тоалет. КООРДИНАТИ ОД GOOGLE MAPS: 39.164928, 23.485542 Вила Титис се наоѓа во срцето на центарот на градот Скијатос. Оддалечена е околу 350 метри од пристаништето и околу 50 метри оддалечена од главната улица Пападијамантис. Од градската плажа е оддалечена само 350 метри, а иста оддалеченост има и од познатото пристаниште на кое се снимени сцени за познатиот „Мама Миа“ мјузикл. Вилата има двокреветни и трокреветни студија. Сите сместувачки единици се опремени со кујна (готвење со две плочи), фрижидер, купатило со туш, клима уред (вклучена употреба), ТВ и тераса. Без рерна. Нема сопствен паркинг. Структура на креветите за двокреветните судиа се: Две единечни кревети или еден брачен кревет. Белешки: КООРДИНАТИ ОД GOOGLE MAPS: 39.164611, 23.487664 ЦЕНИ ВАЖНО: Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00 1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ 2. ВИЗИ 3. ЕЛ. МРЕЖА 4. ПОСЕБНИ НАПОМЕНИ 5. БЕЗБЕДНОСТ 6. СУВЕНИРИ
Островот – Скијатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика, но сите песочни! Градот Скијатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби. Скијатос, еден од најпопуларните острови на Грција. Познат е по златните плажи, зеленилото и живописната природа. Овој остров е за сечиј вкус, омилена дестинација за младите кои сакаат луд и незаборавен одмор, но и за семејствата кои имаат избор на мирни плажи за вистински одмор. Најпопуларните плажи се наоѓа на јужната страна на островот.ХОТЕЛ ЕСПЕРОС
На само 9 минути пеш од хотелот, се наоѓа една од најпознатите плажи „Трулос“ која дефинитивно ќе биде вашиот вистински избор каде би го поминале одморот на Скијатос.
Есперос располага и со паркинг простор за патниците коишто ќе патуваат со сопствен превоз, а кој е бесплатен. Исто така, бесплатен е и безжичниот интернет. Од пристаниште до хотелот е обезбеден транспорт.ВИЛА АНГЕЛА
Она што ја прави посебно убава ова вила е отворената тераса којашто се наоѓа на најгорниот спрат на оворено, а која нуди прекрасен панорамски поглед кон Скијатос и тврдината Бурци. Вилата располага и со бежичен интернет кој е бесплатен. Од пристаништето кадешто се симнуваат патниците се оди пеш до вилата којашто е во непосредна близина на главната пешачка уличка во Скијатос, а по која се наоѓаат сите ресторани и кафулиња.
На само 150 метри од вилата се наоѓа мини маркет, ресторани, а и автобуската станица. Вилата се наоѓа на 300 метри од пристаништето, од каде патниците ќе пристигнат пеш со своите куфери.
Предноста на ова вила е тоа што се наоѓа во еден од најубавите грчки градови кои создавале култура. Со самиот факт дека вие ќе летувате во градот кадешто е снимен познатиот мјузикл „МАМА МИА“ говори за тоа колку може да биде пријатно вашето лето 2020!ВИЛА ТИТИС
Студиата не располагаат со крпи, WiFi има во вилата, а приватен паркинг нема.
Структура на трокреветните студиа се: 3 еднокреветни кревети или брачен кревет + единечен кревет
* Грчки стандард за единечен кревет е 185-200cm со 75-90cm, за брачен кревет 185-200cm со 120-145cm, за дополнителен кревет 175-180cm со 65-70cm
* Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
* Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
* Како и кај вила Ангела, фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
* Фотографиите во оригинална големина можете да ги погледнете најгоре во катергорија Gallery
ТЕРМИНИ
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
04.06-11.06
90€+25€
11.06-18.06
109€+25€
18.06-25.06
125€+25€
25.06-02.07
140€+25€
02.07-09.07
165€+25€
09.07-16.07
185€+25€
16.07-23.07
219€+25€
23.07-30.07
225€+25€
30.07-06.08
225€+25€
06.08-13.08
225€+25€
13.08-20.08
225€+25€
20.08-27.08
225€+25€
27.08-03.09
180€+25€
03.09-10.09
150€+25€
10.09-17.09
125€+25€
17.09-24.09
110€+25€
24.09-01.10
100€+25€
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
Departure/Return Location
Departure Time
Return Time
Dress Code
Јазици: локален, англиски
Виза не е потребна
220V
/
Безбедна дестинација.
Од сувенири препорачуваме: традиционална облека…
* ЦЕНИ И ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ВО ТАБОВИТЕ “ЦЕНA” И “УСЛОВИ”
ХОТЕЛ ЕСПЕРОС:
СОБА БРОЈ 1 (БЛОК А)
СОБА БРОЈ 2 (БЛОК А)
СОБА БРОЈ 2 (БЛОК Б)
СОБА БРОЈ 5 (БЛОК Б)
СОБА БРОЈ 8 (БЛОК Б)
ВИЛА АНГЕЛА
ВИЛА ТИТИС
ВИДЕО
Локација