VAL THORENS – 13.01.2023 €579,00
FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти Септември 2022
Традиционално, и оваа година скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи во најголемиот ски центар во светот “Три Долини”. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри обработен терен за скијање/бордање. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, сонадморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година. Сместувањето е во Val Thorens. Место со одлична Apres-skiзабава.
Термини: | VAL THORENS –LES 3 VALLES | од 579 € |
13.01.2023 | BUS 2 Ski F R A N C E 2023 |
FLASH SALE ЦЕНИ за допонителни капацитети: За уплата до 30-ти Октомври 2022
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
Тип на сместување | Број на кревети | |||||
6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 | |
Apartment VANOISE, VAN360, 28m2 | 619 | 679 | 799 | |||
Apartment SCHUSS, SCH205, 35m2 | 589 | 639 | 739 | |||
Apartment LAUZIERE, LAU102, 26M2 | 589 | 639 | 729 | |||
Apartment LAUZIERE, LAU609, 28M2 | 599 | 649 | 739 | |||
Apartment ARCELLE, ARC406, 28M2 | 599 | 649 | 739 | |||
Apartment ARCELLE, ARC103, | 599 | 639 | 699 | |||
Apartment ORSIERE, ORS042 | 609 | 649 | 769 | |||
Apartment NAZCA, NAZH6, 34m2 | 579 | 599 | 639 |
Програма:
- ден-петок. Скопје–Val Thorens Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден-сабота. Val Thorens: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите после 15h. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање.
3–8 ден. Val Thorens: Шест дневно скијање во Val Thorens/Orelleили “Les 3 Vallees”. Ноќевање
9. ден-сабота. Val Thorens–Скопје: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.
10 ден – недела. Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената на пакет аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–Val Thorens–Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во Val Thorens
- 6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
- Туристички пратител за време на турата
Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:
- Доплата за “3 Долини ски пас” (600 км стази) изнесува 40€ по лице.Задолжителна предрезервација припријавувањето и плаќање во агенција.
- Постелнина и крпи.
- Завршно чистење на апартманите.
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција,
За ова патување важат Општите услови за патување на Парадизо Флај травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Генерален опис на Студиата и Апартманите во Val Thorens
Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различен мебел, опременост, квадратура и содржина.
· Residence “VANOISE”:Резиденцијата Vanoise се наоѓа во срцето на одморалиштето, блиску до продавници, ресторани, услуги за одморалиште (туристичка канцеларија, француско ски училиште ESF, куглање…) и спортскиот центар Вал Торенс со базен, велнес центар, фитнес.Исклучителна локација со директен пристап до скијачките патеки.Продавница за изнајмување скии SKISET / GOITSCHEL GS1 SPORT на 100 метри во резиденцијата ЕСКИВАЛ. Локација на мапа 92/Д2..
– Apatment VAN 360, 28м2 за 4 лица:Реновиран апартман на 3 ти спрат со лифт.
Поглед на јужна страна. Се состои од кабина со 2 кревети на спрат, и спална соба со голем кревет за
2 лица. Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со електрични рингли,машина за миење на садови. Дневен простор со маса и столици како и софа за седење.Купатило и одвоен тоалет.
- Residence “SCHUSS“:Резиденцијата SCHUSS е сместена во мирен дел, блиску до шопинг центарот Peclet (продавници, ресторани, аптека..) и блиску до ски терените (одспротива на улицата).
– Apatment SCH205, 35м2 за 4 лица: Апартман на 2-ри спрат со лифт. Поглед на југоисточна страна.
Се состои со 2 кревети на спрат во влезниот дел, спална соба со голем кревет за 2 лица.
Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со електрични рингли,машина за миење на садови.
Дневен простор со маса и столици и софа за седење. Купатило и одвоен тоалет.
- Residence “ORSIERE“:Резиденцијатаесместена во мирниот дел, но во близина на трговскиот центар Peclet. Има директен пристап до ски терените.
– Apatment ORS042, за 4 лица: Апартманна 3-ти спрат, североисточна страна.
Се состои од кабина со 2 кревета на спрат и кабина со голем кревет за 2 лица.
Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со електрични рингли,машина за миење на садови.
Дневен простор со маса и столици и голефа софа. Купатило и одвоен тоалет.
- Residence “LAUZIERES“Резиденцијатаесместена на 200 м од ски лифтот Campagnols и на 300м. од ски лифтот Castor et Pollux. Сите студиа се со балкон, дневен простор со трпезарија. Кујните се опремени со фрижидер и шпорет. Секое студио има свое купатило и тоалет.
– Apatment LAU102, за 4 лица, 26м2: Се наоѓа на 1 спрат, во близина на пешачкиот мост кој води до центарот на скијалиштето. Во дневниот простор има софа кревет (клик-клак систем за отварање) за 2 лица, и 2 кревети на спрат во влезниот хол. Балконот гледа на запад. Кујаната е опремена со микробранова печка, фрижидер, керамички плочи за готвење, машина за миење на садови. Купатило и одвон тоалет. Ски шкафот е на 3-ти спрат.
– Apatment LAU609, за 4 лица 28м2:Во дневниот простор има софа кревет (клик-клак систем за отварање) за 2 лица, и 2 кревети на спрат во кабина кај влезниот хол. Балконот гледа на југ. Кујаната е опремена со микробранова печка, фрижидер, керамички плочи за готвење, машина за миење на садови. Купатило и одвон тоалет.
- Residence “ARCELLE“Резиденцијатаесместена на само 50м од ски падините, во срцето на скијалиштето, во Caron квартот. Во непосредна близина се продавници, ресторани и спортскиот центар (банки, ски школа..) SKI-SKI OUT.
– Apatment ARC406, за 4 лица 28м2:Пријатно студио со југоисточен поглед, во срцето на скијалиштето, блиску до падините и продавниците, во планински стил со поглед кон врвовите. Дневен простор со трпезарија и опремена кујна со мини фурна, фрижидер, шпорет, машина за миење на садови. Одвоен дел со софа за 2 лице и кабина на влез со кревети на спрат за 2 лица.
– Apatment ARC103, за 5 лица 30м2: На самиот влез, од една страна е купатилото и посебно тоалет а од друга страна кабина со кревети на спрат за 2 лица. Потоа влегувате во дневниот простор опремен со маса и столици и софа на крајот на собата за 1 лице како и мала опремена кујна. Странично од дневниот простор има полуодвоен спален дел со софа која се претвара во лежај за 2 лица.
- Residence “NAZCA“:Резиденцијатаесместена воподножјето на скијалиштето, со сопствен мини маркет, ски продавница, ресторан и директен пристап до ски терените SKI IN-SKI OUT.
– Apatment NAZH6, за 6лица 34м2:Сместен на 5 спрат со балкон на јужната страна со прекрасен поглед на ски терените. Има отворен дневен простор со трпезарија и комфорна софа, ТВ, столици и излез на балкон. Куната е во склопот на просторијата и опремена со фрижидер, машина за миење на садови, електричен шпорет, тостер, електричен бокал и машина за кафе. Купатило и посебнен тоалет.
Апартманот има мала спална соба за 2 лица, кревети на спрат во влезниот дел за 2 лица, и софа во дневниот дел која се претвара во кревети за 2 лица.
Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (не го опфаќа чистењето на приборот за јадење, приборот за готвење, шпоретот, фрижидерот, фрлање на ѓубрето – тоа е задолжителен дел од чистењето). Студио за 2-4 лица: 55 € , Студио со 2 соби за 2-4 лица: 65 €, Апартмани со 2 и 3 соби за 4-6 лица: 75 €, Апартман за 8-10 лица: 115-180€. Овие услуги може да се нарачат исклучиво 7 дена пред пристигнување, во агенција, и истите се плаќаат на лице место. Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, сапуни, шампони, тоалет хартија. Постелнините и крпите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 12€ (единечна)-14€ (брачна) постелнина и 12€ сет крпи, по лице. Потребно е најмалку 7 дена пред тргање да се резервираат. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
Ограничен број на Студиа/Апартмани !
ВАЖНИ ЗАВРШНИ НАПОМЕНИ:Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа најдоцна до 03-ти. декември 2022. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен аванс, патниците добиваат договор за патување со сите податоци за патувањето, типот на сместување, разни доплати како и општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Патниците однапред се согласни за овие услови, и истите ги прифаќаат.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
- FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 40€ по лице, без оглед на тип на сместување.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
- Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на пријавени лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со причини за отказот. Отказните трошоци се во согласност со отказните трошоци на иностраниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае.
- Трошоците за откажување на патувањето кои се задржуваат:
– Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 10% од цената
– 8 – 4 недели пред поаѓање: 30% од цената
– 4 – 2 недели пред поаѓање: 50% од цената
– 2 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 350-1.500€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови. Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. Износ на депозит за сместување: (*можно да претрпи мали промени) – за Студио 2- 4 лица – 400€ – за Апартман до 6 лица – 600€ – за Апартман до 8 лица – 800€
ТА Парадизо Флај Травел Сервис
Локација