СИЦИЛИЈА
КАТАНИЈА- ТАОРМИНА- ПАЛЕРМО-СИРАГУЗА
01.11-05.11.2022
Сицилија е најголемиот остров на Медитеранот, со уникатна убавина. Недопрена природа, со бајковити пејсажи на вулканот Етна, магија и мистерија за запрено време во сицилијанските села, градови со фасцинантна архитектура, споменици достојни за внимание, чисто море, богата и разновидна гастрономска понуда, весели и пријателски домаќини
А доколку сте и љубутел на легендарниот филм Кум, приказните за мафијата, сицилијанските села, Коза ностра, Америка тогаш ова е совршено патување за вас…
01,11 2022 СОФИЈА- TAOРМИНА –ЛЕТОЈАНИ
Поаѓање од Скопје ,– 09.00 Трансфер до аеродромот во СофијаПолетување за Катанија во 14.10 часот Пристигнување во Катанија во 14.55 Панорамски разлед на Катанија и попатна посета на Таормина еден од најубавите мали градови во Италија, изграден на ридот Монте Тауро со фантастичен поглед на околината. Прошетка низ градот. Сместување во хотел Слободно време Ноќевање
02,11 2022 ПАЛЕРМО-ЧЕФАЛУ
Појадок. Слободно време за одмор или факултативна екскурзија за Палермо. Палермо е главен и најголем град на Сицилија, кој се наоѓа на бреговите на Тиренското Море во најубавиот залив .Порано моќна престолнина на кралството Сицилија, град богат со споменици на специфична арапско-норманска архитектура под заштита на УНЕСКО. Патот до Палермо поминува низ срцето на Сицилија и живописни предели на подножјето на Етна. Пристигнување во Палермо и панорамско разгледување на градот: Кралската Палата, најпосетувана знаменитост на Сицилија- прв парламент во Европа, денес седиште на Сицилијанскиот Парламент ,градината Вила Бонано, најголема градина од палми во Европа, со остатоци од римска вила, Катедралата Корсо Виторио Емануеле 2, Плоштадот Куатро Канти, плоштадот Преторија, плоштадот Белини со двете познати цркви Марторана и Сан Каталдо во арапско нормански стил, заштитени споменици од УНЕСКО, улицата Македа, Театрот Масимо и пазарот Капо кој потсетува на арапските пазари и е место каде може да се проба street food типичен за Палермо,На враќање посета на малото крајбрежно гратче Чефалу
сместено под голема карпа- на парче земја што навлегува во морето, Чефалу е едно од најубавите гратчиња на Медитеранот. Во историјата познато како гратче на морнарите, а денес туристички развиено поради убавите плажи, традиции, богата историја и цивилизации кои оставиле длабоки траги почнувајќи од феникејците, грците, римјаните,арапите, па се до норманците и Шпанците. Во центарот на градот тронува катедралата Св.Спас, која е симбиоза на арапско-Норманска градба и византиски мозаици. Покрај неа вредни за посета се ѕидовите на еленистичкиот град со порта од 5 век п.н.е., шпанскиот бастион Маркјафава, рибарскиот дел од градот, средновековната перална со изворите на реката Чефалино како и продавници за сувенири и ресторанчиња по тесните улички на средновековниот град.Враќање во хотел Ноќевање
03,11.2022 КАТАНИЈА -СИРАГУЗА
Појадок Панорамски разглед на градот Катанија втор по големина град во Сицилија. Бидејќи се наоѓа под Етна, постојано е уништуван и изградуван , во барокен стил, претежно во сива боја , а градот што го гледаме денес го добил својот изглед по големиот земјотрес од 1693 година.Посета на Пјаца Дуомо, катедралата Санта Агата,Виа Етнеа-една од главните улици полна со продавници и кафулиња, и прекрасен поглед на врвот на Вулканот Етна, Факултативно полудневна екскурзија ,патување до Сиракуза, еден од најубавите градови на Сицилија. Сиракуза е град што го нарекуваат бел бисер на Јонското Море, изграден од бел мермер. Стариот град се наоѓа на Ортидија, најмалиот остров во Сицилија. Поранешниот најбогат и најмоќен антички грчки град, родното место на Архимед и омилениот град на големиот сликар Караваџа. Екскурзијата вклучува прошетка низ барокната сиракуза на островот Ортидија и истражување на богатото наследство на градот: Храмот на Аполо, плоштадот Архимед, фонтана Дајана, Пјаца Дуомо, обиколка на катедралата изградена врз темелите на античкиот грчки По разгледувањето, Враќање во хотел Ноќевање
04,11 2022 САВОКА – ЕТНА -СОФИЈА-СКОПЈЕ
Појадок Напуштање на хотелот .Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до типичнитото сицилијанско село Савока, во кое е снимен легендарниот филм „Кум 1“, со феноменална приказна за сицилијанската мафија. Прошетка низ Савока. Савока е место што сè уште ја издвојува типичната атмосфера поврзана со мафијата и филмот Кум Турата вклучува раглед на , катедралата Св Луција, кратка пауза со канола (типична сицилијанска торта), еспресо во барот Вители местото каде се снимани делови од филмот Кум меќу кои и легендарната свадбена сцена од филмот со Ал Пачино . Урбаната легенда кажува дека барот е во сопственост на сињора Марија ( или нејзините потомци) која во филмот го глумеше ликот на мајката на Аполонија Заминување за ЕТНА најголемиот и единствен жив вулкан во Европа, кој се искачува на 3.320 метри надморска височина. Иако станува збор за активен вулкан кој има чести ерупции и предизвикал многу штети во историјата, тој не се смета за премногу опасен вулкан Илјадници луѓе живеат под неговата сенка а причината е плодната вулканска почва
Митологијата поврзана со Етна вели дека грчкиот филозоф Емпедокле скокнал во вулканот. Поточно, тој верувал дека луѓето живеат на земјата а боговите во огинот . Бидејќи Емпедокле верувал во неговото божествено потекло, тој еднаш во занес се придружил со своите божествени роднини скокајќи во овој вулкан. Пристигнување до местото Rifugio Sapienze на 1900 м надморска височина, познат скијачки центар во зимскиот период и целогодишна туристичка атракција и посета на кратерите Силвестре Низок и Силвестре Висок Враќање во хотел Ноќевање
05,11.2022 ЛЕТОЈАНИ -СОФИЈА-СКОПЈЕ
Појадок Напуштање на хотелот.Слободно време за индивидуални активности се до 16,00 часот Трансфер до аеродром Полетување за Софија во 22,00.Пристигнување во Софија наредниот ден. Во 00,45.Трансфер до Скопје
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:489€/30,300,00ден дo 10.09.2022
РЕДОВНА ЦЕНА 520€/ 32.240.00 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ
-Трансфер на релација Скопје –Софија(аеродром)-Скопје;
-Авионски превоз на релација Софија-Катанија-Софија со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 7 кг/мал багаж 40х23х20см.
-Трансфер од аеродром-хотел –аеродром со попатна посета на Таормина
-4 нокевања на база појадок во хотел 3*
-Полудневен панорамски разглед на Катанија и Таормина
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
-Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 3,600,00 денари за двата правца
-Туристичка такса – 1.5 евра по лице по ноќ
– Влезници за локалитети и карти за локален превоз
-Факултативна посета на Палермо 55€(минимум 20 патника)
-Факултативна целодневна посета на Сирагуза40€ (минимум 20 патника)
-Факултативна посета на селцето Савока местата на снимањето на филмот КУМ и ЕТНА 40€(минимум 20 патника)
-Патничко осигурување 310.00 денари
НАПОМЕНИ:
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање ( не важи за промотивната цена )
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 20 патника пријавувањето е при резервација во агенција.
Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот на враќањето
АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА
ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ПАРАДИЗО ФЛАЈ
ВИДЕО
Локација