ХОТЕЛ РАДАН *** – ПРОЛОМ БАЊА Р.СРБИЈА
Опис и локација: Пролом бања се наоѓа во Јужна Србија , на падините на планината Радан. Познато е пред сѐ, по својата лековита вода Пролом, која спаѓа во ретка група води со високи балнеолошки вредности. Бањата е оддалечена од Куршумлија на 23 км, од Ниш 82 км и од Скопје на 258 км. Пролом е една од најмладите бањи во Србија, иако е познато дека нејзините извори на лекување се користат уште од праисторијата. Без разлика дали доаѓате на одмор или на лекување или на прихатен одмор во природа престојот можете да го завршите со велнес третмани, внатрешна релаксација и надворешни базени , ручек во „ Етно ресторанот “, посета на природниот локалитет Ѓаволa Варош или до црквата Лазарица.
Сместување: Хотелот Радан располага со 212 соби и апартмани во 2 објекта. Освен еднокреветни и двокреветни соби, во понуда има и 8 трокреветни соби (француски кревет + дополнително легло со стандардни димензии), 6 семејни соби (соба со француски кревет + соба со две класични легла, поврзани со врата) и 10 апартмани (спална со дневен престој и кујна).
Основен БО ден вклучува:
• Медицински преглед од доктор за време на вашиот престој и консултација за терапија
• Балнеотерапија: консумација на вода , банање со термална вода во собите ( hydro терапија ) и Hydrokinesis терапија ( групни вежби во базен), користење на внатерешен и надворешен базен, сала за бежбање и спортските активности кои се нудат во хотелот ( кошарка , фудбал, пинг понг) како и забавни активности ( билијард, пикадо и сл. )
• Сместување во стандардни, комфорни соби или апартмани во Хотел Радан ( ТВ, мини бар, минерална вода во собите, бањарки , фен и сл.
• Полн пансион: Појадок ( шведска маса ) , ручек и вечера сет мени од 3 понудени оброци + диетална понуда
• WI FI бесплатен
• Туристичка такса и осигурување
Комплетен БО ден вклучува:
• Ги вклучува сите претходно наведени услуги во основниот БО ден + дополнителни 4 третмани
• Електро терапија ( дијадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, галванизација, ултразвук, солукс лампа)
• Хидро масажа во минерална вода ( бисерна бања или подводна масажа)
• Аплицирање на здрава кал ( до 2 апликации)
• Мануелна ( рачна) масажа – делумна, 10 мин
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Локација