ЗА СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВЕ ВОДИМЕ ВО ПРОЛОМ БАЊА Р.СРБИЈА
Програма на патување:
(ПРЕВОЗ+2 ПОЛНИ ПАНСИОНИ –ПОЈАДОК+РУЧЕК+ВЕЧЕРА+ПРАТИТЕЛ ОД АГЕНЦИЈАТА
1.Ден 22.05.2021 (Сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 23.05.2021 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 24.05.2021 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
Цена на аранжманот 139€/8.618мкд
Цена за најмалку 2 лица во соба.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера
– Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода
– Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
– Туристичка такса
– Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) – 5€ доплата на лице место.
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
– Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Локација