ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ И ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВЕ ВОДИМЕ
ВО ПРОЛОМ БАЊА Р.СРБИЈА
(превоз+3 ноќевања+појадок+ручек+вечера+пратител од агенција)
30.04.2021 (Петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
01.05.2020 (Сабота) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ
Појадок. Можност за факултативен претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
02.05.2021 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА ВЕЛИГДЕН
Појадок. Можност за посета и присуство на велигденска литургија во црквата Св. Преображение. Натпревар во кршење со велигденски јајца. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
03.05.2021 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
Цена на аранжманот за пријави до 31.03.2021 – 159€/9.858мкд
Редовна цена на аранжманот – 169€/10.478мкд
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Локација