Политика за приватност и услови за користење сајт/онлајн сервиси
Paradiso Fly Travel Service посветува големо внимание на заштитата и сигурноста на личните податоци на корисниците. Личните податоци, како што се име, адреса, телефонски број, адреса на e-пошта на корисниците се чуваат во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци, во неговата важечка верзија, и не се отстапуваат на трета страна.
Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, адреса и телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Податоците кои ги собираме за нарачка на производот ги чуваме кај нас, а податоците од кредитната карта и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на провајдерот на услугата.
Заради зголемена сигурност, во постапката на плаќање Paradiso Fly Travel Service не ги побарува, ниту може да ги знае, податоците за картичката што се користи за плаќање, освен последните четири цифри од бројот на картичката што е проследен од нашата банка, но само за успешните трансакции. Процесирањето на трансакциите го врши Casys International, во име на нашата банка Стопанска банка, Скопје.
Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Paradiso Fly Travel Service нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.
Ги презедовме сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
Paradiso Fly Travel Service е отворен по барање да Ве извести кои Ваши лични податоци ги обработува и да ги ажурира истите.
Со користење на веб-сајтот се признаваат условите за користење во својата сегашната верзија. Paradiso Fly Travel Service го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.
Paradiso Fly Travel Service ќе настојува веб-сајтот да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено што се однесуваат на сервис и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб-сајтот. За недостапноста на веб-сајтот Paradiso Fly Travel Service не прифаќа никаква одговорност. Не постои законско право на користење или одржување на веб-сајтот.
Техничкиот веб администратор на веб страната paradisofly.com.mk не е одговорен за содржините на програмите, нарачките и трансакциите направени преку веб страната, и воопшто за материјалите кои ги добива и публикува на барање на одговорните програмски менаџери од Paradiso Fly Travel Service.
The technical web administrator of the web site paradisofly.com.mk is not responsible for the content of the travel offers, the media, the orders and transactions made through this web site – all of them obtained and published upon a request from the responsible travel managers from Paradiso Fly Travel Service.
Paradiso Fly Travel Service го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни функции на веб-сајтот.
На своите веб-сајтови друштвата користат cookies за да го усогласат веб-сајтот на личните потреби. Cookie е мала текстуална датотека што од страна на веб-сајтот се чува кај серверот на хард диск на корисникот. Cookie не може да се користи за работа на програми или испраќање на вируси на компјутерот на корисникот. Cookie исклучиво се доделува на соодветниот корисник и може да се прочита од страна на веб серверот во доменот кој се наоѓа на корисникот.
Една од основните цели на cookie е на корисникот да обезбеди функција на лагодност. Cookie особено служи за да се осигура дека на веб-сајтот на корисникот му дава увид на специфични информации за последователните посети. Ова го поедноставува процесот на подготовка на достапни содржини, за да се олесни пребарувањет преку веб-сајтот, итн
Корисникот има опција или да го прифати или да го одбие cookies. Повеќето веб пребарувачи автоматски го прифаќаат cookie, но корисникот обично може да го измени својот пребарувач со што, доколку се сака, ќе дојде до одбивање на Cookie. Доколку корисникот сака да го одбие Cookie, тој не ќе може целосно да користи интерактивни функции на лагодност на овој или други веб-сајтови што тој ги посетува.
Оваа политика на приватност стапува на сила во Ноември 2018 година.
Сите измени во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб страната.