НИКИТИ: Вила НИКИТИ БЕЈ
Времетраење: 8 дена/ Соби за: 3 или 4 лица
Идеална дестинација за семејства со мали деца
Никити Беј Апартмани е изградена 2014 год. a сите соби се со нов мебел од 2019 год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 250м од плажа, во мирниот дел на градот. Идеално место за мирен одмор без никаква бучава. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голема дворна неорганизирана површина. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости.
Локација/ Кординати: 40.222406, 23.660917
ЦЕНИ:
Термини | Ноќевања | Студио за 1/2 + 1 | Студио за 1/2 + 2 |
Макс. 3 лица | Макс. 4 лица | ||
17.05 – 24.05.2020 | / | / | / |
24.05 – 31.05.2020 | 7 | 89 | 99 |
31.05 – 07.06.2020 | 7 | 19 | 129 |
07.06 – 14.06.2020 | 7 | 149 | 159 |
14.06 – 21.06.2020 | 7 | 159 | 169 |
21.06 – 28.06.2020 | 7 | 179 | 189 |
28.06 – 05.07.2020 | 7* | 329 | 349 |
05.07 – 12.07.2020 | 7* | 379 | 399 |
12.07 – 19.07.2020 | 7* | 399 | 429 |
19.07 – 26.07.2020 | 7* | 419 | 459 |
26.07 – 02.08.2020 | 7* | 419 | 459 |
02.08 – 09.08.2020 | 7* | 419 | 459 |
09.08 – 16.08.2020 | 7* | 399 | 429 |
16.08 – 23.08.2020 | 7* | 389 | 409 |
23.08 – 30.08.2020 | 7 | 159 | 169 |
30.08 – 06.09.2020 | 7 | 149 | 159 |
06.09 – 13.09.2020 | 7 | 119 | 129 |
13.09 – 20.09.2020 | 7 | 89 | 99 |
20.09 – 27.09.2020 | 7 | 59 | 79 |
-20% за резервации со комплетни уплати до 31.01.2020
-15% за резервации со комплетни уплати до 31.03.2020
-10% за резервации со комплетни уплати до 30.04.2020
НАПОМЕНА:
-Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените кои не се означени со (*) се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување плаќаат само превоз; За користење на сопствен превоз се намалува – 10ЕУР од лице за возрасен
– Цените означени со (*) за 7 ноќи/8 дена, се дадени за наем на студио без вклучен превоз;
- Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
- Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
- Во студиата е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни- Плаќа само превоз доколку користи
- При генерално чистење на секоја смена, апартманот се напушта во 10:00ч по локално време. Студиото коe се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
- Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
- Превоз од: Скопје, Велес, Неготино, с.Смоквица и граница
- Автобусот ги остава/зима патниците на 100м од вилата
- Климата и интернетот се вклучени во цената
- Ран букинг не се комбинират со други попусти
Попусти и доплата
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин од редовната цена
- За резервација на редовните цени е доволно 30% уплата. Во случај на откажување, уплатените средства не се рефундираат.
- Доплата за возрасни: 35 евра
- Доплата за деца до 11.99 години 25 евра
- Деца до 2 години бесплатно ( без седиште )
- Доплата за патничко осигурување- /
Услови
- Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
- Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
- За отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 5%
За отказ од 29 до 22 дена пред патувањето се задржува 10%
За отказ од 21 до 15 дена пред патувањето се задржува 20%
За отказ од 14 до 08 дена пред патувањето се задржува 50%
За отказ од 07 до 01 дена пред патувањето се задржува 90%
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Белешки
ГОСТИТЕ СЕ ЧЕКИРААТ ВО ХОТЕЛОТ ТОРОНЕОС НА РЕЦЕПЦИЈА, ТАМУ ГИ ДОБИВААТ И КЛУЧЕВИТЕ ОД СОБИТЕ ВО ВИЛА НИКИТИ БЕЈ
* Грчки стандард за единечен кревет е 185-200cm со 75-90cm, за брачен кревет 185-200cm со 120-145cm, за дополнителен кревет 175-180cm со 65-70cm
* Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
* Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
* Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
* Фотографиите во оригинална големина можете да ги погледнете најгоре во катергорија
-
Departure/Return Location
Поаѓање: Паркингот кај Вип Хотел, спроти САЕМ. -
Departure TimeПоаѓањето на патниците со организиран превоз е во раните утрински часови на денот кога започнува аранжманот
-
Return Time
Време на враќање: Околу 15:00 часот по локално време -
Dress Code
Препорачано летна облека!
СМЕСТУВАЊЕ
40.222535, 23.660944
НАПОМЕНА: ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ОД ВАКОВ КВАЛИТЕТ ОД ПРИЧИНИ ШТО ВИЛАТА ВО МОМЕНТОВ ЦЕЛОСНО СЕ РЕНОВИРА! Вилата „Никити Беј“ се наоѓа во Никити на околу 200 метри од плажа. Располага со трокреветни и четирикреветни студија коишто се опремени со мини кујна, тоалет со купатило, тераси, клима која е вклучена во цената, телевизор и сопствен паркинг којшто не се доплаќа
ВИДЕО
Локација