ЛУКОВСКА БАЊА Р.СРБИЈА – ЈЕЛАК
Локација и опис: Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Сместување: хотелот располага со 84 соби, двокреветни (со 2 класични кревети или со француски кревет), трокреветни (француски кревет и 1 еднинечен кревет). Собите се опремени со: ТВ, телефон, Wi-Fi интернет конекција (бесплатно), сопствен тоалет, бањарки и фен за коса.
Хотелски содржини: ресторан, кафе бар, медицински центар за прегледи и терапии (со работно време и во викенди и за празници), 3 тераписко-рекреативни базени со термална вода и подводни млазови со температува 33-35⁰C (1 внатрешен, 1 надворешен, 1 внатрешно – надворешен со стаклен покрив), сала за забава со билијард, пинг-понг и пикадо, сауна, солена соба, парно купатило, топли клупи – тепидариум, релакс зона
Во цената е вклучено:
std (BO) основен БО ден
– Лекарски преглед кај дежурен лекар во текот на престојот, ЕКГ по потреба.
– Балнеотерапија- капење во лековита вода, внатрешен и надворешен базен.
– Хидрокинези терапија ( групни вежби во базените со лековита вода).
– Локални купки во вировите во Горна Бања.
– Здравствена контрола од лекар – 24 часа лекарска служба и изработка на отпусна листа.
– Секојдневно користење на фитнес салата и спортските терени (асфалтни за мали спортови).
– Користење сала за забава, пинг-понг, билијард и пикадо, друштвени игри.
– Сместувањето е во стандардни двокреветни соби
– Исхрана на база полн пансион: појадок избор од 10 јадења, ручек и вечера по принцип на анкетирање ( 3 пансионски оброци + диетален и посен оброк)
– Туристичка такса
std (KBO) комплетен БО ден
* Се што вклучува основниот BO пакет + 4 терапии дневно и тоа;
– Електротерапија ( диадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, галванизација, ултразвук, солукс ламба).
– Хидромасажа во лековита вода ( бисерна купка или подводна масажа)
– Нанесување на лековита кал ( до две нанесувања )
– Рачна масажа ( на делови од телото )
Напомени:
– Цените не се валидни за државни и верски празници
– Цените се изразени по лице на ден , по избран пакет и се однесуваат за минимум престој од 3 ноќевања. За престој пократок од 3 ноќевања, цената се зголемува за 20%.
– Терапиите ги одредува доктор според потребите на пациентот и се прават секојдневно и во викенд и за празници.
ЦЕНИ ЗА НАЈМАЛКУ 2 ЛИЦА ВО СОБА
Тип на соба | Услуга |
---|---|
Std (BO) min. 3 noki |
FB |
Std (KBO) min. 3 nok |
FB |
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Локација