ЗА СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВЕ ВОДИМЕ ВО ЛУКОВСКА БАЊА Р.СРБИЈА
Програма на патување:
(ПРЕВОЗ+2 ПОЛНИ ПАНСИОНИ –ПОЈАДОК+РУЧЕК+ВЕЧЕРА+ПРАТИТЕЛ ОД АГЕНЦИЈАТА
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Програма на патување:
1.Ден 22.05.2021 (Сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 23.05.2021 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, доколку временските услови се поволни, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 24.05.2021 (Понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 129€/7.998мкд
Цена за најмалку 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување).
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C.
– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).
– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придржник.
– Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Локација