МОНДЕНСКО И НЕЗАБОРАВНО ЛЕТУВАЊЕ СО
ПАРАДИЗО ФЛАЈ ТРАВЕЛ СЕРВИС !!!! ЧЕШМЕ -ТУРЦИЈА
ЛЕТО 2021 – ЧЕШМЕ – Турција
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
Ова лето Ве водиме на една од најатрактивните летни туристички дестинации во Турција, спремете се за Лето 2021 во монденското Чешме!!!
Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште. Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори.
Хармонија од сонце, море и плажа, откријте зошто токму Чешме е омилената и најпопуларната дестинација во Турција, како кај домашните така и кај странските туристи!
Програма на патување:
1. Ден СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 15.30 часот. Поаѓање за Турција во 16.00 часот. Дневно и ноќно возење, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности, патување проследено со музика и филмови.
2.Ден ЧАНАККАЛЕ – ЧЕШМЕ
Во раните утрински часови пристигнување во Ечебат и преминување на протокот Дарданели со фериброд (вклучен во цена) до Чанаккале. Патот продолжува со неколку попатни застанувања за краток одмор. Пристигнување во Чешме во попладневните часови и сместување во хотел. Инфо коктел (по 1 чашка локален пијалок алкохолен или без алкохолен), запознавање со преставникот, партнер агенцијата. Ноќевање.
4/5/6/7/8.Ден ЧЕШМЕ
Појадок. Денови предвидени за одмор и релаксација во прекрасниот град Чешме. Уживање покрај песочната плажа Теќе и тиркизното море веднаш до хотелите Керман и Пасифик. Можност за посета на факултативни излети:
– Крстарење
– Посета на Алачати
– Посета на плажата Алтинкум
– Посета на гробот на Богородица, античкиот град ЕФЕС и црквата Св. Јован
– Посета на градот Измир
– Турска Вечер
– Ноќен клуб/ Диско
9/11. Ден ЧЕШМЕ – ШОПИНГ МОЛ ИЗМИР – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Македонија со попатна посета на шопинг мол во Измир. Пауза од 3 часа. По посетата на шопинг центарот, патувањето продолжува кон Скопје. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови, во зависност од задржувањата на граничните премини.
ТАБЕЛА СО ЦЕНИ:
***Цена за најмалку две лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација.
– Трансфер со фериброд до и од Чанаккале.
– Сместување во Хотел по избор на база 7 или 9 ноќевања со Појадок.
– Едно шише 0,5 флаширана вода по патник на одење и враќање во Автобус.
– Попатна посета на Шопинг Мол во Измир.
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително здравствено и патничко осигурување.
– Крстарење
– Посета на Алачати
– Посета на плажата Алтинкум
– Посета на гробот на Богородица, античкиот град ЕФЕС и црквата Св. Јован
– Посета на градот Измир
– Турска Вечер
– Ноќен клуб/ Диско
– Индивидуални трошоци
Описи на хотели:
HOTEL PASIFIK 2*
Локација: Веднаш до убавата песочна плажа Теќе, на 900м од Марината 90км од Измир
Сместување: 16 соби некои со поглед кон море или градина, опремени со клима, балкон, под со тепих, ТВ, мини бар, Wi-Fi интернет (бесплатно), тоалет со туш, фен.
Хотелски содржини: градина, рибен ресторан со морска храна, бар, собна услуга, сеф, Wi-Fi интернет (бесплатно), остава за багаж
Услуга: ноќевање со појадок
HOTEL KERMAN **
Локација: хотелот е лоциран веднаш до Теќе плажата централно во Чешме, на 1км од Марината, на 11 км од Алачати, на 90км до Измир
Сместување: 33 соби со поглед кон море или градина, опремени со клима, мини бар, ТВ, тоалет со туш/када, фен, тераса, Wi-Fi интернет (бесплатно)
Хотелски содржини: ресторан, кафе бар, бесплатен Wi-Fi интернет, собна услуга, рецепција, остава за багаж, сеф на рецепција
Услуга: ноќевање со појадок на база шведска маса
HOTEL SAATLI 3*
Локација: централно во Чешме, на 700м од Замокот на Чешме и Марината, на 1,4км од плажата Бојалик Бич, на 2,9км од Аја Јорки и на 1км од автобуска постојка
Сместување: 30 соби, опремени со клима, ТВ, апарат за кафе/чај, тоалет со туш, фен, биро, гардеробер
Хотелски содржини: лоби, градина, тераса на покрив, надворешен базен (отворен Јуни-Август), собна услуга, рецепција, Wi-Fi интернет (бесплатно), лифт, има погодности за лица со посебни потреби
Услуга: ноќевање со појадок
НАПОМЕНА:
• Патувањето ќе се одвива според пропишани COVID мерки донесени од СЗО на РСМ, без ПЦР тест за транзитирање низ Бугарија.(од страна на агенцијата се следи секоја новонастаната здравствена covid состојба како во матичната дражава така и во државата каде се патува,и патниците благовремено ќе бидат известени за било какви промени настанати за безбедноста на нивното здравје).
• Калкулацијата е правена на 75% исполнетост во автобус според сите прописи донесени од СЗО на РСМ.(во случај да има промена на процент на исполнетост во автобус ќе се почитуваат новонастанатите промени.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
• Целосна доплата 10 дена пред патување.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
• Цените се по лице, за сместување во соба 1/2 .
• Хотелите располагаат со ½ соби. .
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
• Во случај да продолжи услов за задолжителен ПЦР тест за влез во Турција ,агенцијата организира тестирање во просториите на ТА Парадизо Флај Травел Сервис во договорено време ,тестот ќе ве чини -50% од редовната цена на овластена лабараторија за издавање на истите.(цена на ПЦР тест 1200 ден,во случај на позитивен резултат средствата платени за тестирања се неповратни).
• Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
Локација