ЛЕТО 2023 – Вила НИНА Остров Крф
Летувајте на остров Крф, со агенцијата која руши рекорди на патници! 2021-ва ќе биде година на најдобрите зајдисонца. На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.
Вила Нина
Вила Нина се наоѓа на островот Крф на 300м оддалеченост од AB МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со студија за 2, 3 и еден апартман за 4 лица. Сите соби се опремени со мини кујна, фижидер, WC и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор и паркинг места до 4 возила. Сите студиа се распоредени на ниско приземје, прв и втор кат. Во објектот нема лифт
Локација