ЛЕТО 2023 – ИПСОС/КРФ, ВИЛА ЗЕВС
Летувајте на остров Крф, со агенцијата која руши рекорди на патници! 2021-ва ќе биде година на најдобрите зајдисонца. На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.
ВИЛА ЗЕВС – Ипсос – Лето 2023
Вилата Зевс се наоѓа на 400метри од плажата во Ипсос, во мирниот дел на туристичкото место Пирги. Вилата Зевс е голем комплекс од два објекта кои се опкружени со природа, цвеќиња и зеленило, а во неговиот двор се наоѓа прекрасен базен и лежалки за гостите. Студијата располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, телевизор, ви-фи интернет. Студијата располагаат и со клима уред кој може да се користи со доплата од 5 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје и прв спрат, секое со сопствена тераса.
НАПОМЕНА: Вилата има 40 соби кои не се исти по структура, изглед и распоред. Сликите од галеријата се од информативен карактер за да се добие општ впечаток
ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК :
Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице.
ПРОМО цените важат до 15.02. На овие цени не следува попуст за споен термин, ниту намалување за сопствен превоз.
Термин: | ТИП СОБА | РЕДОВНА ПО ЛИЦЕ | FIRST MINUTE |
27.05. – 03.06. | 1/3 | 99 € | 89 € |
1/2 | 99 € | 89 € | |
03.06. – 10.06. |
1/3 | 119 € | 99 € |
1/2 | 119 € | 99 € | |
10.06. – 17.06. |
|||
1/3 | 129 € | 109 € | |
1/2 | 129 € | 109 € | |
17.06. – 24.06. |
|||
1/3 | 139 € | 124 € | |
1/2 | 139 € | 124 € | |
24.06. – 01.07. |
|||
1/3 | 159 € | 144 € | |
1/2 | 159 € | 144 € | |
01.07. – 08.07. |
|||
1/3 | 179 € | 164 € | |
1/2 | 179 € | 164 € | |
08.07. – 15.07. |
|||
1/3 | 199 € | 184 € | |
1/2 | 199 € | 184 € | |
15.07. – 22.07. |
|||
1/3 | 209 € | 194 € | |
1/2 | 209 € | 194 € | |
22.07. – 29.07. |
|||
1/3 | 219 € | 204 € | |
1/2 | 219 € | 204 € | |
29.07. – 05.08. |
|||
1/3 | 219 € | 204 € | |
1/2 | 219 € | 204€ | |
05.08. – 12.08. |
|||
1/3 | 239 € | 214 € | |
1/2 | 239 € | 214 € | |
12.08. – 19.08. |
|||
1/3 | 239 € | 214 € | |
1/2 | 239 € | 214 € | |
19.08. – 26.08. |
|||
1/3 | 229 € | 184 € | |
1/2 | 229 € | 184 € | |
26.08. – 02.09. |
|||
1/3 | 179 € | 164 € | |
1/2 | 179 € | 164 € | |
02.09. – 09.09. |
|||
1/3 | 159 € | 154 € | |
1/2 | 159 € | 154 € | |
09.09. – 16.09. |
|||
1/3 | 149 € | 134 € | |
1/2 | 149 € | 134 € | |
16.09. – 23.09. |
|||
1/3 | 129 € | 114 € | |
1/2 | 129 € | 114 € | |
23.09. – 30.09. |
1/3 | 109 € | 99 € |
1/2 | 109 € | 99 € |
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
- Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
- Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
- Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
- Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
- За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
- Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
- Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
- За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
- За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 80 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
- Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. Парадизо Флај Травел Сервис
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
- Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 14h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа. Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот)
- Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Локација