ЕВИЈА | ВИЛА КЕРАСИОТИ
ВИЛА КЕРАСИОТИ – Евиа, Пефки
Вилата се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица (со поглед на море) со комплетно опремена кујна и посебна спална, тоалет, клима, тв, тераса. Студијата се за 3 или 4 лица и се кон дворот. Имаат брачен кревет и еден/ два единечни и се опремени со кујна, клима, тв, тераса. Користењето на клима уредот е вклучен во цената.
Вилата нема сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина.
Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.
Цените се по лице (7 ноќевања со превоз),
трето и четвтро лице гратис сместување во студио,
трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман!!!
Доплата за превоз и траект (за оние кои имаат гратис сместување)
65 евра за возрасни
45 евра за деца до 12 години
– Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
– За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
– Промо цените се со пресметан попуст за рана уплата и не се одбива за патување со сопствен превоз,
– Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбинираат
*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.
НАПОМЕНА
– За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
– Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во период.
Тип на соба | Услуга |
---|---|
STD 1/3 | Bus+Traekt+Smestuvanje |
STD 1/4 | Bus+Traekt+Smestuvanje |
App 1/5 | Bus+Traekt+Smestuvanje |
СМЕСТУВАЊЕ
ВИДЕО
Локација