Неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија, солено езеро Туз Ѓолу- Истанбул, транзит низ Бугарија.
(превоз + хотел со појадок и вечера во Кападокија + хотел во Истанбул + пратител од агенцијата)
Поаѓање: 28.04.2021
Враќање во Скопје: 04.05.2021
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 ЕУР / 11.720 ден.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА (до 27.03.2021): 169 EUR / 10.500 ден.
+ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН PCR-ТЕСТ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ ПО -50% НАМАЛЕНА ЦЕНА
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта.
Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи.
Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
#1 ДЕН | 28.04.2021 | СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА:
Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 09:00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Истанбул, Анкара, Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови).
#2 ДЕН | 29.04.2021 | КАПАДОКИЈА
Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу. По паузата се упатуваме према Кападокија. Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности. Предвидена факултативна посета на црвената долина BUS SUNSET со прекрасниот залез на сонцето /или „ATV SUNSET TOUR возење со ATV QUAD BIKES во времетраење од 2 часа“, со залез на сонцето во попладневните часови. Вечера. Ноќевањe.
#3 ДЕН | 30.04.2021 | КАПАДОКИЈА
Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната „земја на убави коњи“ Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено – Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св. Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера, припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансфер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање
#4 ДЕН | 01.05.2021 | КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30ч (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30ч. Појадок во хотелот. По појадокот, факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли, едни од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел. Вечера. Време за слободни активности. Ноќевање.
#5 ДЕН | 02.05.2021 | КАПАДОКИЈА-ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот,багажот во автобус и се упaтуваме према Истанбул.Овој град е единствениот град кој поврзува два континенти,град на различности и традиционални вредности,инаку познат како ГЛАВЕН ГРАД ВО СВЕТОТ или МОСТОТ ПОМЕЃУ ЕВРОПА И АЗИЈА.Истанбул е најголемиот град во Турција ,со над 13 милиони жители и светски центар од непроценлива вредност од минатото,а светска метропола денеска.Истанбул е град на историски и културни убавини,град на многу цивилизации,а сега населен со жители од целиот свет.За Истанбул има многу да се поприкаже, но да оставиме целата таа убавина да ја почувствуваме по нашето пристигнување во вечерните часови.Патот не води преку мостот кој ги поврзува Европа и Азија.Пристигнување во Истанбул.Сместување во хотел .Време за слободни активности. Ноќевање.
#6 ДЕН | 03.05.2021 | ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот околу 09 и 30 часот. Се упатуваме на панорамски разглед и посета на монденската населба УСКУДАР, можност за факултативна посета на МОМИНСКА КУЛА и слободно време да го испиеме преубавото турско кафе покрај Босфор во некоја од монденските локални кафетерии во Ускудар, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Можност за панорамска обикола на Долма Бахче Сарај – (обиколката е панорамска бидејки сарајот – музеј во понеделник не работи) последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка од непроценливо богатство и се наоѓа на крајбрежјето на Босфор. Долма Бахче Сарај била резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922г. а воедно и место каде престојувал и починал основачот на модерна Турција МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК. Во вечерните часови во договор со групата се упатуваме према еден од познатите истанбулски шопинг молови (во договор со групата). Во вечерните часови се упатуваме према Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Патот не води преку Бугарија.
#7 ДЕН | 04.05.2021 | СКОПЈЕ.
Планирано пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 ЕУР / 11.720 ден.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО (27.03.2021): 169 EUR / 10.500 ден.
+ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН PCR-ТЕСТ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ ПО -50% НАМАЛЕНА ЦЕНА
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Кападокија-Скопје со запазени пропишани мерки од СЗО на РСМ.
- 3 ноќевања со појадок и вечера во Хотел ТОУРИСТ 4**** во Ѓореме или Хотел ДИНЛЕР 5***** во Урѓуп.
- Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.
- 1 ноќевање со појадок во Истанбул во Хотел 3*/4* (гратис од агенцијата).
- Посета на шопинг центар.
- Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Факултативна посета од втор ден по програма црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез – 10 еур
- ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги, трансвер од хотел,локален водич и возење 2 часа за 2 лица по програма од втор ден(цена по мотор) – 25 еур.
- факлутатива од тред ден со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45 еур.
- Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма – 45 еур
- Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер – 30 еур.
- Летање со балон (од 90 еур до 150 еур,во зависност од расположливи места во балони и временски услови).
- Крстарење по Босфор – 15 еур
- Посета на моминска кула (влезница+трансвер со бродче+локален водич) – 8 еур
- Туристичка такса – 2 еур од ден по соба (се плаќа во агенција).
- Задолжителна уплата за панорамски разглед на Истанбул и посета на монденската населба УСКУДАР – 10 еур (во агенција).
- Задолжително патничко осигурување.
- Индивидуални трошоци.
НАПОМЕНА:
– Калкулацијата е правена на пријавени 29 патници или 50% од капацитет на седишта во автобус според прописи донесени од СЗО на РСМ и без ПЦР тест за транзитирање низ Бугарија.
– За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
– Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена .
– Целосна доплата 10 дена пред патување.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
– Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
– Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 3500 ден.за хотел .
– Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720.
– Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30 % од цената.
– Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Во случај да продолжи услов за задолжителен ПЦР тест за влез во Турција, агенцијата организира тестирање во просториите на ТА Парадизо Флај Травел Сервис во договорено време ,тестот ќе ве чини -50% од редовната цена на овластена лабараторија за издавање на истите.(цена на ПЦР тест 1200 ден,во случај на позитивен резултат средствата платени за тестирања се неповратни).
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 ЕУР / 11.720 ден.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО (27.03.2021): 169 EUR / 10.500 ден.
+ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН PCR-ТЕСТ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ ПО -50% НАМАЛЕНА ЦЕНА
Повеќе информации на:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
ТЕЛЕФОН / VIBER / WHATSAPP / TELEGRAM
Локација