ЗА СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВЕ ВОДИМЕ ВО
Неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија, солено езеро Туз Ѓолу- Анкара-Мавзолеј Кемал Ататурк
(превоз+хотел 4*/5* со појадок во Кападокија+пратител од агенцијата)
Поаѓање: 23.05.2023
Враќање во Скопје: 28.05.2023
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :239€ /14 820 ден
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.04.2023: 209€ /12 960ден.
Телефон за контакт:
078 268 506
Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта.
Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи.
Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.
1. ДЕН 23.05.2023 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА :
Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку граничен премин Богородица-Евзони,покрај Солун,Кавала,граничен премин Ипсала,Покрај Текирдак,Истанбул,Анкара со попатни паузи за одмор и царински формалности и попатно запознавање со програмата. Дневно и ноќно возење. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови)
2. ДЕН 24.05.2023 -КАПАДОКИЈА
Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу едно од најголемите солени езера во светот ,долго околу 100 км,широко 50 км и длабоко околу 50 цм каде во некои периоди во годината достигнува длабочина и до 150 цм ,овде ќе имаме можност за прошетка по езерото,време за индивидуален појадок,кафе,чаша сок од нар/калинка,посета на изложбенопродажен салон на природни производи како крема,пилинг,солени купки,сапуни кои повеќето од нив се преработени-произведени токму од солта и алгите од ова солено езеро. По паузата се упатуваме према Кападокија.Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности.Предвидена факултативна посета на црвената долина BUS SUNSET со прекрасниот залез на сонцето или ATV SUNSET TOUR”возење со ATV QUAD BIKES во времетраење од 1 час, со залез на сонцето во попладневните часови. Ноќевањe
3. ДЕН 25.05.2023 – КАПАДОКИЈА
Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел.Припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци ,(вклучува трансвер,неограничени локални пијалоци,и апетисани) . Ноќевање
4.ДЕН 26.05.2023- КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија,волшебно,незаборавно,несекојдневно доживување(се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли едени од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање.
5.ДЕН 27.05.2023– КАПАДОКИЈА-АНКАРА-СКОПЈЕ
Појадок .По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратно позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.
6.ДЕН 28.05.2023-СКОПЈЕ.
Планирано пристигнување во Скопје во предпладневните/пладневните часови пладневните часови.
Во цената се вклучени следниве услуги:
*Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Кападокија-Анкара-Скопје .
* 3 ноќевања со појадок и вечера во Хотел 4**** или 5***** во Ѓореме ,Урѓуп,Аванос.
*Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.
*Посета на Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара.
*Посета на шопинг центар ва Анкара
*Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.
Во цената не се вклучени следниве услуги:
*Факултативна посета од втор ден по програма црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез………………………………………………………………………..10 еур
*ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги, трансвер од хотел,локален водич и возење за 1 лицe по програма од втор ден(две лица на QUAD BIKE) ……………………………………………………………………………………….25 еур.
*факлутатива од тред ден со сите влезници и ручек опишана во програмата……………………………………………………………………… 55 еур.
*Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма… …………………………………………………………………………………………55 еур
*Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер ……………………………………………30 еур.
*Летање со балон (во зависност од расположливи места балони и временски услови).
* Туристичка такса 2 еур од ден по соба(се плаќа во агенција).
*Задолжително патничко осигурување .
*Индивидуални трошоци.
НАПОМЕНА:
Калкулацијата е правена на пријавени 40 патници .
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена,посебно се однесува за резервација на лет со балон .Целосна доплата на аранжманот 15 дена пред патување
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 65еур/ 4030 ден.за хотел .
Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720.
Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 20 % од цената.
Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY
Временска прогноза
Локација