ПОСЕТА НА ТРОЈА- КУШАДАСИ-ЕФЕС- ПАМУKКАЛЕ-КОЊА СО
МИСТЕРИОЗНА КАПАДОКИЈА
СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ –АНКАРА
(превоз+хотел со појадок и вечера+посета на Анкара+пратител од агенцијата)
Поаѓање: 28.04.2021
Враќање во Скопје: 06.05.2021
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289 ЕУР/17.920 ДЕН
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 27.03 269 ЕУР/16 680 ДЕН
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
Прв ден .28.04.2021СКОПЈЕ-КУШАДАСИ
Состанок на групата на паркингот на хотел ВИП во 09.00 часот ,поаѓање за Турција во 09.30 часот, преку Бугарија граничен премин Девебаир . Дневно и ноќно возење со време за царински формалности и попатни паузи.
Втор дeн. 29.04.2021.ТРОЈА- КУШАДАСИ.
Пристигнување и посета на Троја за која се сметало дека е мит кој постоел пред 4000 години. За првпат бил откриен во 19 век и на турски јазик е познат како Трува-место со сведско наследство.Троја е позната по сторијата за Тројанската војна од Хомер и Илијада.Троја е комплексен град составен од 9 антички градови, градени еден преку друг. Во бронзено време од 3000-17000 п.н.е Троја била стратешки лоцирана помеѓу два континента Европа и Азија. После тројанската војна градот бил напуштен и населен од грчки доселеници,каде по една легенда се вели дека со тој регион владеел Александар Велики(околу 4 век). Троја е најпрепознатлива и највпечатлива ,и нешто што прво паѓа во очи е репликата на дрвениот тројански коњ. По посетата се упатуваме према Кушадаси.
Планирано пристигнуванје во пладневните часовиви. Кушадаси.
Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најмонденските туристички центри на Егејскиот Брег во Турција. Топлата гостопримливост, големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за посета и уживање. Благата медитеранска клима за време на есенските и летните месеци Ви нуди можност за релаксирана посета.Неговите плажи: градската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Да не го заборавиме стариот дел/град Кушадаси каде е лоцирана старата турска чаршија , ќе имаме можност за посета и шопинг во истата и време да се напиеме по едно турско кафе кое најдобро го подготвуваат во тој дел на градот, сервирано во бакарно ѓезве и мала шолја за кафе, што би рекле се е традиционално.
Сместување во Хотел во 14 часот по локално време , време за одмор, релаксација и слободни активности. (Во договор со локалниот водич можност за посета на стариот град и чаршијата во Кушадаси). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Трет ден. 30.04.2021. КУШАДАСИ-СЕЛЏУК-ЕФЕС-куќата на Марија
ПОЈАДОК. По појадокот околу 09 часот факултативно со стручен локален водич на македонски јазик се упатуваме према Селџук каде се наоѓа грандиозниот антички град ЕФЕС, разглед на истиот , посета на куќата на Дева Марија (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос).По посетата и разгледот на овие знаменитости имаме можност за посета на фабрика за производство на кожна гардероба,модна ревија и можност да се купи некое парче кожна гардероба со специјален попуст за нашите туристи во нивниот моден салон. Во раните попладневни часови враќање во хотел, време за слободни активности и можност за индивидуална или групна посета на некоја од познатите плажи во Кушадаси(во договор со групата и пратителот од агенцијата).Враќање во хотел. Вечера.
Време за слободни вечерни индивидуални прошетки. Ноќевање.
Четврти ден. 01.05.2021. КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КОЊА
Појадок. Веднаш по појадокот напуштање на хотелот и се упатуваме према ПАМУККАЛЕ со стручен локален водич(на 190 км од Кушадаси) каде имаме факултативна посета на античката Некропола на Хиераполис, амфитеатарот, храмот на Аполо, бањата на Клеопатра. Посета на белата планина-единствена од ваков вид во светот,која е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината – феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. Посета на местото /базенот каде што се капела Клеопатра. Можност за индивидуален ручек, кафе пауза во еден од турските ресторани. По посетата на ПАМУККАЛЕ некаде околу 15 часот по локално време со стручен локален водич се упатуваме према градот КОЊА .
Пристигнување во КОЊА во доцните вечерни часови.Можност за доцна ВЕЧЕРА како за добредојде во КОЊА од страна на агенцијата. (велиме можност бидејќи мора да бидеме во хотел најдоцна до 21 часот). Ноќевање.
Петти ден. 02.05.2021.КОЊА – КАПАДОКИЈА.
Појадок. По појадокот околу 10 -11 часот(во договор со групата) со стручен локален водич се упауваме на разглед на градот КОЊА и посета на музејот.
Градот Коња се наоѓа западно од Анкара,во регионот на централна Анадолија. Тој е еден од најстарите урбани центри во светот кој укажуваат за неговото постоење дека датира од пред нашата ера. Коња дестинација за аџилакна суфите и фокусиран на основање на гробницата МЕВЛАНА, каде е погребан Џеладин Руми. Воедно е познато и дека церемонијата ВРТЕЊЕ НА ДЕРВИШОТ се одржува за првпат во Коња ,а ДЕРВИШ е член на муслиманска религија кој ја избрал или прифатил материјалната сиромаштија. Повеќе за градот Коња и Мевлана ќе оставиме нашиот локален водич да не поведе низ традицијата,сегашноста и реалноста на овој прекрасен град во Анадолија.
Во попладневните часови се упатуваме према Кападокија. Планирано пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера, Ноќевање.
Шести ден . 03.05.2021. КАПАДОКИЈА
Појадок. По појадокот заминување на факултативен разглед со стручен локален водич (на македонски јазик) на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир, Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера, припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци ,(вклучува трансвер,неограничени локални пијалоци,и апетисани) . Ноќевање.
Седми ден. 04.05.2021. КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратконаздравување со шампањ и добивање сетрификат залетање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч.Појадок во хотелот.
По појадокот факултативно околу 09:00 ч средба со стручен локален водич на македонски јазик и трансфер се упатуваме кон подземниот град Деринкују (или Кајмакли ), едни од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање Вракање во хотел. Вечера. Време за слободни активности. Ноќевање.
Осми ден. 05.05.2021. КАПАДОКИЈА –АНКАРА-СКОПЈЕ
Појадок.. По појадокот на пуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме према Анкара , главниот град на Турција, со попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу , кое е едно од нај големите езера во светот од ваков вид. По паузата во пладневните часови се упатуваме према Анкара каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на КемалАтатурк ,таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности, прошетка и можност за шопинг и прошетка во најголемиот шопинг центар во Анкара АНКАРА АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија – Скопје. Ноќно и дневно возење преку Бугарија , со попатни паузи и време за царински формалности.
Девети ден . 06.05.2021- СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
Во цената се вклучени следниве услуги:
* Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Чанакале-Троја-Кушадаси-Памуккале-Коња-Кападокија-Анкара-Скопје со запазени пропишани мерки од СЗО наРСМ.
*2 ноќевања со појадок и вечера во Кушадаси Хотел 3*** или 4*.***
*1 ноќевање со појадок во Коња-Анадолија 3* или 4*(гратис вечера од агенцијата).
*3 ноќевања со појадок и вечера во Кападокија во хотел со 4* или 5*.
*Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу.
*Посета на Мавзолејот на Кемал Ататуркво Анкара.
*Посета на шопинг центар АНКА МОЛ во Анкара.
*Лиценциран локален водич на целото патување од Троја до Анкара
.*Претставник / пратител од агенцијата за целиот престој
Во цената не се вклучени следниве услуги:
*Факултативна посета од втор ден по програмата (лиценциран локален водич,сите влезници во локалитети при посета на локалитети )……………………..25еур.
*факлутатива од тред ден по програмата(лиценциран локален +превоз+водич+влезница за ЕФЕС,КУЌАТА НА МАРИЈА,Паркинг ,посета на фабрика за кожа и модна ревија)………………………………..39 еур
*Факултатива од четврти денден по програмата(лиценциран локален водич+сите влезници во локалитети во ПАМУККАЛЕ,освен влезница за базенот на Клеопатра,се купува индивидуално по желба)….30 еур.
*Факултатива од петти ден по програмата (лиценциран локален водич+панорамски разглед со автобус+влезница во музеј МЕВЛАНА)……………………………………………………………………………………20 еур. Факлутатива од шести ден по програмата (лиценциран локален водич+ превоз + сите влезници и ручек опишан во програмата)….45 еур.
*Факултатива од седми ден по програмата(лиценциран локален водич+ превоз+ сите влезници и ручек опишан во програмата)….45 еур
*Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер ……………………………………………………………………………30 еур.
*Летање со балон (по договор на лице место ,во зависност од временски услови, расположливи места во балони и цена).
*Задолжително патничко осигурување .
*Индивидуални трошоци.
* Туристичка такса 2 еур од ден по соба за секое ноќевање (се плаќа во агенција).
*Доколку се патува со мини бус се доплаќа 35 еур по патник.
*Патниците доколку се одлучат да ги користат сите факултативни излети имаат 10% попуст на целиот пакет.
*Патникот треба да одбере кои или сите факултативни излети ќе ги користи и да плати депозит од 30% од сумата во агенција,уплатените средства ќе бидат неповратни при откажување од страна на патникот од причини што за најавените влезници има претходна резервација
НАПОМЕНА:
Калкулацијата е правена на пријавени 29 патници ,или односно 50% од капацитет на седишта во автобус според прописи донесени од СЗО на РСМ и без ПЦР тест за транзитирање низ Бугарија. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена .
Во случај да продолжи услов за задолжителен ПЦР тест за влез во Турција ,агенцијата организира тестирање во просториите на ТА Парадизо Флај Травел Сервис во договорено време ,тестот ќе ве чини -50% од редовната цена на овластена лабараторија за издавање на истите.(цена на ПЦР тест 1200 ден,во случај на позитивен резултат средствата платени за тестирања се неповратни).
ВАЖНА НАПОМЕНА
Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
Доплата за соба 1/1 (сам во соба за сите 6 ноќи во наведените градови ) 6200ден..
Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 80 еур/4960 ден.
Дете од 2год. -11.99 плаќа минус 30 % од цената.
Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
Временска прогноза
Локација