КАЛИТЕА | Вила Посеидон
КАЛИТЕА е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристално чистата вода и белата песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со плаво знаменце. Калитеа e сместена во прекрасната околина опкружена со борови дрва. Калитеа ви овозможува да уживате во многубројните таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови кои ги привлекуваат туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.
Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила сама вила не нуди, но има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен. Вилата располага само со трокреветни и четворокреветни студија. За сезона 2023, лежалки поставени на плажа нема, секоја соба има на располагање 2 лежалки, кој ги зема на користење и на крајот на денот ги враќа во вилата (строго забрането останање лежалки на плажа преку ноќ) чадори нема.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД
(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и на нив не подложи попуст)
ПРОДОЛЖЕН 5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 03.03.2023
Опис на сместување
-Трокреветното студио располага со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење која е одвоена од спалната, но не и со врата, сопствен тоалет,wi-fi балкон кој гледа странично на море или кон градина, а истото е лоцирано на трет кат и НЕ е реновирано. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и две единечни стандардни легла. Истите можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса нереновирано студио) на трет кат со страничен поглед на море со број 24 и 26 не реновирани и 23 и 25 со реновирани тоалети, едно студио на четврти кат со голем балкон и директен поглед на море – со реновиран тоалет – бр.31, и едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат и е со реновиран тоалет -број 21. Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести само дете до 3,99год.
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
-Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
-Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице
Тип на соба | Услуга |
---|---|
Triple room | NAEM |
Quadraple GF | NAEM |
1/4 renovated | NAEM |
1/4 GVrenovated | NAEM |
1/4 Studio | NAEM |
СМЕСТУВАЊЕ
ВИДЕО
Локација