КАЛИТЕА вила Димитра
Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Во нејзина близина има продавници за храна, фурна, ресторани, игри за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг. Сезона 2023та клима се доплаќа на лице место од 5еур на ден.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД
Напомена: првите три и последните три термина се промо цени и не подложат на попуст)
12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2022, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 06.01.2023
Опис на регион
Калитеа се наоѓа на Халкидики, на првиот крак Касандра, лоцирана централно и на источна страна на кракот, се карактеризира со прекрасна плажа која е наградувана со плаво знаменце за чистота, идеална плажа за фамилии со деца, плитка и чиста вода со ситен песок.
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Опис на сместување
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима без доплата и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима без доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
» ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
- попустите не може да се комбинираат,
- Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Важат Општите услови на СКТМ и ТА Парадизо Флај Травел Сервис
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
- Куманово (БП Макпетрол) – 35еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
- Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
- Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- 5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
- 4:00 Скопје (Дрводекор)
- 4:30 Велес (БП мотел Македонија)
- 5:00 Неготино (БП Неготино)
- 5:40 Удово (БП Удово)
- 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
- 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
- 14:45 локално време (13:45 Мак. време) Полихроно
- 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
- 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
GPS кординати: 40°4’32”N,23°26’41”E
Тип на соба | Услуга |
---|---|
Triple suteren | NAEM |
Triple room | NAEM |
Quadraple | NAEM |
Studio 5 pax | NAEM |
СМЕСТУВАЊЕ
ВИДЕО
Локација