Аранѓеловац | Х. ИЗВОР
Луксузниот хотел ”Извор ” единствен во Србија е добитник на наградата за најдобар хотел во југоисточна Европа .
Локација: Се наоѓа во срцето на Шумадија, помеѓу планините Букуља и Венчац, во Буковичка бања во центарот на Аранѓеловац, оддалечен 75км од Белград. Овој бањски центар е познат по благотворна кисела вода, денеска познатата флаширана “Kњаз Милош”вода.
Сместување: Хотелот располага со 165 соби и апартмани, сите опремени со купатило, фен, клима,ТВ, телефон, интернет конекција, мини бар, сеф, баде мантил, папучи и тераса.
Хотелски содржини: пансионски ресторан со послужување на база шведска маса и два а ла карт ресторани со национална, интернационална и италијанска кујна, лоби бар, спа бар, летна тераса
Спорт и забава:Wellness&Spa во склоп на центарот има 10 внатрешни и надворешни базени, био сауна, релакс соба со хималајска сол, финска сауна, парна бања, руска бања, тепидариуми, весели тушеви со звучни и светлосни ефекти, понуда на масажи и vichy третмани. Љубителите на спорт и активен одмор имаат на располагање фитнес центар, куглана,стони тенис, билијард.
Аква паркот се состои од 9 базени со минерална вода, 12 тобогани за возрасни и 3 тобогани за деца. Покрај водените атракции има и ресторан, кафе-пицерија, слаткарница, игралиште за деца, спортски терени и амфитеатар
*Услуга полупансион (појадок и вечера)
*Доплата за туристичка такса – возрасни 1€ по лице на ден, деца 7-15 години 0,5€ на ден
Тип на соба | Услуга |
---|---|
Double Room |
HB |
Superior |
HB |
Suite |
HB |
ВИДЕО
Локација