ЕВИЈА | Х. ГАЛИНИ Лето 2022
Хотел Галини се наоѓа на Едипсос во Северна Евија, еден од најпопуларните и космополитски бањски градови во Грција. Корисните својства на термалните извори комбинирани со кристално чистите води на Егејскиот Залив, бујното зеленило, прекрасното зајдисонце и гостопримливио дух на жителите го прават Едипсос идеална туристичка дестинација, особено за летниот период од годината. Пошироката област е полна со предизвици. Живописните села, манастирите, песокливите плажи и баровите се некои од бескрајните избори кои им се понудени на посетителите.
Поставен на само неколку метри од морето хотелот Галини е лоциран во областа Агиос Николаос во градот Едипсос, еден од најпопуларните, космополитски бањски центри во Грција. Хотелот располага со прекрасно уреден двор со зеленило и цвеќиња, катче за деца со лулашки, снек бар со прекрасен поглед кон морето, бесплатен Wi-Fi интернет на јавни површини, топла и пријатна амтосфера. На плажата која е песочно-шљункаста, гостите имаат на располагање лежалки и чадори кои се бесплатни доколку нарачате пијалок од хотелскиот бар. Хотелските соби се декорирани со едноставен стил, светли и комотни, истите се стандардно опремени со приватен балкон, клима, ТВ, мини фрижидер, тоалет со туш и се со поглед кон море, градина или планина. Пристаништето на Едипсос е на 800м оддалеченост, центарот на градот е на 1км, а пак термалните извори се на 1,7км.
ЗА ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДАТУМ, ТИП НА СОБА И АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ХОТЕЛ ГАЛИНИ
КОНТАКТИРАЈТЕ АГЕНТ ВО АГЕНЦИЈА:
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
СМЕСТУВАЊЕ
ВИДЕО
Локација