ПЕФКОХОРИ | АПАРТ ХОТЕЛ ГОЛДЕН БЕЈ 2022
Познато големо туристичко место на околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања
ГОЛДЕН БЕЈ – ПЕФКОХОРИ
Апарт хотел ГОЛДЕН БЕЈ се наоѓа во еден од најекслкузивните делови на полуостровот Касандра помеѓу Пефкохори и Ханиоти, на околу 50 метри од плажа. Комплексот се простира на преку 4000 м2, со убаво уреден двор, ресторан, паркинг, базен и бар покрај базенот и нуди услуга на база појадок или полупансион. Сите капацитети имаат свој балкон, бања, решо, фрижидер, ТВ, клима (се плаќа 5 евра на лице место доколку се користи) и Wi-Fi. Користењето на лежалките на базен е со нарачување пијалок.
Координати: 39°59’38.8″N 23°35’47.0″E 39.994111, 23.596385
Период | 01.06-15.06
16.09-03.10 |
16.06-30.06
01.09-15.09 |
01.07-15.07
16.08-31.08 |
16.07-31.07
01.08-15.08 |
Цена | 64 € | 84 € | 107 € | 128 € |
Доплата:
· Вечера по лице 12 € на ден
· Фамилијарен пакет за вечера ( 2 возрасни+2 деца до 14 год ) – 36 € на ден
Напомени и услови:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА се дадени за наем на соба на ден со појадок ( 2 – 4 лица )
- Две деца од 1 год. до 14 год. – ГРАТИС ( сместени со двајца возрасни )
- Доплата за 5 и 6 лице со појадок – 20 € на ден / 5 и 6 дете до 14 год. – 15 € на ден
- Доплата за 5 и 6 лице со полупансион – 30 € на ден / 5 и 6 дете до 14 год. – 25 € на ден
– Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
– Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
– Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето
– Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
– Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
– По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
– Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
– Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот
– Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.
Цена за превоз:
· Превоз за возрасен 40€ / Еден правец 30€
· деца до 12 години 30 € / Еден правец 25 €.
· Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Место и време на поаѓање:
– Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
– Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
– Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
– Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
– Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
СМЕСТУВАЊЕ
ВИДЕО
Временска прогноза
Локација