БУГАРИЈА eBOOKING
Правилник и упатство за онлајн резервации на Paradiso Fly
1. Се поставуваат вашите параметри за барање на капацитети
- Намена на одморот
- Областа во која сакате да се сместите
- Број на лица за сместување ( Пр. ознаката (2+1) значи дека во тој тип на соба можат да се сместат 2 возрасни и 1 дете)
- Во случај на повеќе деца се пишуват годините на најголемото дете.
- Дете се брои доколку има 11 години или неполни 12.
- Точни дати од која почнува одморот и до која дата ќе биде
- За лето пребарувањето дава резултати на минимум 5 ноќевања
- За зимо пребарувањето дава резултати на минимум 1 ноќ додека на помалку од 3 ноќевања резултатите секогаш ке бидат на барање (портокалов знак)
- Исто така пребарувањето дава портокалово светло или на барање кога барате за наредниот ден, т.е. од денес за утре.
- Сето тоа се должи на сигурноста при резервацијата, односно да не дојде до несакани последици бидејки сите податоци како и слободните места сепак мораат двојно да се проверат за да имаме сигурна потврда.
2. Откако го одбравте вашиот хотел пристапувате кон чекор два, или резервирање.
- Кликате на копчето BOOK.
- Доколку копчето е со зелена боја, значи со сигурност има место во хотелот
- Пред копчето BOOK стои каков тип на соба добивате.
- Кога веќе кликнавте на BOOK го внесувате вашето име и презиме и вашиот имеил.
- Ја гледате цената по ноќевање за бројот на лица
- Подолу имате место за забелешка и ваш телефонски број
- Име, презиме, имеил и телефон се задолжителни
- Кога завршивте со податоците кликате копче CONFIRM
3. Во меѓувреме откако кликнавте CONFIRM пристигнува имеил за направената резервација
- По направената резервација ви стигнува имеил во кој ги пишува податоците за вашата резервација која се процесира.
- На имеилот исто така имате телефонски број и имеил за информации за вашата резервација од Paradiso Fly
- Имејлот и телефонот се достапни 24/7 од страна на Paradiso Fly.
- Кога ќе се потврди резервацијата, вие добивате повторен имеил со ваучер за резервацијата
- Со ваучерот добивате и информации за хотелот
- Добивате локална подршка од местото каде патувате како и телефонски број за итни потреби.
4. Четврти и последен чекор е плаќањето
- Плаќањето се врши исклучително со вашите платежни картички
- Ги внесувате потребните информации за вас и вашата картичка и плаќањето е завршено.
- Плаќањето се врши откако ќе се потврди резервацијата.
Правила и услови
Резервации
Резервациите на туристичките услуги кои се достапни преку веб сајтот се направени преку резервациска форма која клиентот ја праќа на веб сајтот на Paradiso Fly. Резервацијата е потврдена тогаш кога клиентот добива пишана потврда на имеил од Paradiso Fly, која ја специфицира вкупната сума на резервацијата. Секои промени или дополнувања на резервацијата ќе се сметаат валидни поради причина што за истите е дадена согласност и се потврдени преку пишана кореспонденција. Доколку се случи било каква промена на деталите на резервацијата (дали на пристигнување и заминување, број на ноќевања, број на клиенти, тип на сместување, број и вид на оброци итн.) хотелот ќе испрати пишана потврда.
Специјални Барања
Во настаните кога клиентот има специфични барања релевантни на резервацијата (како на пример нетолеранција на храна, специфични заболувања кои бараат дополнителна или различна услуга, итн.) тие мора да бидат потврдени однапред од хотелот и овој договор треба да бидe утврден во пишана кореспонденција помеѓу договорните страни.
Цени и начини на плаќање
Клиентот е должен да уплати 50 % (педесет проценти) од вкупната сума на туристичките услуги кои ги побарал, кои се потврдени исто така од хотелот, во рок од 3 (три) работни денови од датата на потврдата. Клиентот треба да го плати остатокот од сумата барем 14 (четиринаесет) дена пред датумот на заминување. Во настаните кога остануваат 14 (четиринаесет) или помалку од 14 (четиринаесет) денови до датумот на заминување, клиентот е должен да ја плати целосната сума на неговите побарани туристички услуги, потврдени исто така од хотелот. Хотелот го има правото да постави пократки рокови за целосна уплата, како и да ги утврди условите кои се однесуваат на промените на резервациите или откажувањето на истите, како на пример оправдани ценовни редукции или други услови поврзани со попусти.
Сите плаќања се прават електронски преку картичка (Visa, MasterCard) преку веб сајтот на Paradiso Fly, и сите трошоци и провизии за банкарските трансфери треба да бидат на сметка на клиентот.
Пријавување
Пријавувањето во хотелите е после 14:00. На барање на клиентот за порано пријавување, хотелот обезбедува таква опција со дополнителна доплата.
Одјавување
Услугите завршуваат во 12:00 часот во денот за одјавување. Ако клиентот сака да се одјави подоцна, хотелот нуди таква опција со дополнителна доплата.
Пенали
Клиентот може да ги откаже бараните услуги без плаќање на пенали, не подоцна од (30) дена пред датумот на заминување од Бугарија. По откажувањето помеѓу 29 (дваесет и девет) и 15 (петнаесет) дена пред датата на заминување од Бугарија, на клиентот ќе му биде наплатена сумата за авансното плаќање (депозитот), а во случај на отказ во период помал од петнаесет дена пред датумот на заминување, како и во случаите кога клиентот не може да пристигне во Бугарија, клиентот плаќа пенали кои достигаат до 100% (сто проценти) од тоталната вредност на услугите. Штетите на имотот предизвикани од клиентот додека го користи сместувањето се на сметка на клиентот и сумата ќе биде пресметана по малопродажна цена во земјата на престој.