ЗА ВЕЛИГДЕН И ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО БУДВА-БИСЕРОТ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ
(Превоз+3 ноќевања+посета на манастирот ОСТРОГ +пратител)
Бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвора во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…)
Телефон за контакт:
☎ 078 268 506
☎ 02 306 2669
ПРОГРАМА
29.04. Четврток Скопје – Будва
Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 22 ч, поаѓање за Црна Гора во 22.30 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
30.04. Петок Будва
Во утринските часови попатна посета на Свети Стефан, остров во близина на Будва, еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран уште познат како „град-хотел“. Пристигнување во Будва и сместување . Време за слободни активности,капење и можност за прошетка низ Стариот дел – каде се наоѓаат најважните културно-историски споменици, градските зидини, цитаделата, музејот, галеријата, црквата Св.Иван, марината, црквата Св.Јован Крстител, црквата Св.Сава. Ноќевање.
01.05. Сабота Будва – Порто Монтенегро, Тиват и Котор
Можност за факултативна посета на Порто Монтенегро– една од најлуксузните марини на Јадранското море. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Враќање во Будва. Вечерта, можност за факултативна вечера во ресторан , време за слободни активности или посета на некој од христијанските храмови во чест на Велигденските празници каде ке бидат се разбира почитувани сите COVID протоколи за заштита . Ноќевање.
02.05. Понеделник Будва
Ден за слободни активности во Будва,прошетки,плажа,можност за индивидуален велигденски ручек во некој од рестораните на будванската ривиера.Ноќевање.
03.05. Вторник Будва-Острог-Скопје
Во утринските часови багажот во автобус и се упатуваме во посета на манастирот Острог, еден од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот кој бил основан во 17 век од Митрополит Василије. Разглед на манастирот. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови или по полноќ .
Цена на аранжманот: 85 евра (5.270 мкд )
Цената на аранжманот е по лице и вклучува:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• 3 ноќевања во апарт-хотел во Будва
• Организација, реализација и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
• Туристичка такса 3 евра по лице за три ноќевања
• Факултативна посета на Тиват и Котор – 15 евра
• Посета на манастирот Острог – 5 евра(се доплаќа во агенција)
• Доплата за појадок за три дена 9 еур по лице(се пријавува и уплаќа во агенција).
• Факултативна вечера во ресторан……
• Влезници по музеите и културно историските споменици
• Задолжително патничко и здравствено осигурување
Напомена:
• Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
• За ова патување не е потребен PCR тест.
• Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 27 патници
• Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS
Локација