ШПАНИЈА | Андалузија МАЈ АВИОН
Андалузија – Малага & Гранада & Кордоба & Севиља
6 дена – 4ноќи АВИОН
09.05-13.05
Програма
1 ден 09.05.2022 СКОПЈЕ – СОФИЈА
Состанок на групата на паркингот кај хотел Холидеј Инн во 03,00 часот Заминување према аеродромот во Софија Притисгнување и полетување за Малага во 11,40:Пристигнување во Малага во 14,35 часот Панорамски разглед на Малага- град полн со историја но и елементи на пулсирчки модерен живот , Родното место на Пабло Пикасо во кој е познатиот музеј посветен токму нему Разглед на маварската тврдина Gibralfaro и палатата Alkasaba,за која велат дека е рамна на тврдината Алхамбра во Гранада Plasa de la Mersed, Plasa de Toros, La Malageta,стариот дел од градот ,, Plasa de la Konstitusion.Трансфер до хотел . Сместување во хотел, Ноќевање
2 ден 10.05 2022 МАЛАГА Торемолинос – ГРАНАДА
Појадок , По појадокот организиран целодневен факулттаивен излет до ГРАНАДА еден од најважните градови на Андалузија, кој се наоѓа во подножјето на планинскиот венец на Сиера Невада чиј највисок врв е над 3.000 метри надморска височина. Гранада и стариот дел на градот наречен Albaisin се под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Ова е најпосетуваниот град во Шпанија благодарение на прекрасната тврдина Алхамбра и мноштвото културни и историски споменици создадени под влијание на различните цивилизации и култури. Покрај уникатни споменици од Мавританска архитектура Гранада е за Шпанците од големо значение , затоа што тое е местото каде што Христијаните ги победуваат и протеруваат Маврите од Пиринејскиот Полуостров,и местото каде што се погребани кралот Фернардо и кралицата Изабела – ослободителите на Шпанија Посета на Тврдината Alhambra (на арапски значи црвена тврдина) изградена во IX век како благородна палата на Мавритански калифи. Прошетка низ Кралската сала, кралскиот двор . Прошетка по парковите Heneralife, фонтаната на мудроста. Слободно време за индивидуални активности се до попладневните часови Враќање во хотел Ноќевање
3-4 ден 11.05 -12.05.2022 ( КОРДОБА ,СЕВИЉА )
Појадок . Слободни денови за индивидуални активности, поршетки , плажа и можност за организирани факултативни излети
КОРДОБА ( целодневен факултативен излет )
Патот води низ центарот на провинцијата Малага. Пристигнување во Кордоба, еден од најубавите музејски градови во светот. Градот бил основан од Картагинците,главна римска населба, главен град на мавританскиот шпански калифат, како и седиште на озлогласената инквизиција. Од времето на Римската империја постоел мост со сводови, над реката Гвадалкивир, кој водел до монументална порта, која и денес е еден вид украс на градот.Во римско време, целиот град бил опкружен со бедеми, кули и порти. Подоцна Арапите изградиле ѕидини на римските урнатини и во тие рамки се создал најубавиот дел – стариот дел на градот. Заштитен знак на Кордоба е секако џамијата Mezquita , попозната како „Џамија на 1000 столбови“, единствеn објект во светот, во која времето и просторот ја обединуваат арапската и еврејската култура Изградбата на џамијата започнала на крајот од VIII. век од династијата Омајади, која тогаш владеела со речиси цела Шпанија. Кон крајот на 12 век,била претворена во катедрала од христијаните. Денес, преставува музејот е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Прошетка низ стариот еврејски кварт и тесните улички и куќи со карактеристичен внатрешен двор наречен (patio) Враќање во хотел Ноќевање
СЕВИЉА (целодневен факултатиен излет)
Панорамски турнеја на еден од најубавите градови во Андалузија: -Градот на Кармен Дон Ж уан , Фигаро , Градот на фламенгото Паркот Марија Луиза – градска зеленета површина прошарана со мали улички , фонтани , и езерца .Плоштадот Plaza de Espana-место то кое ќе ве остави без здив . Граден во форма на полукруг со аркадни куполи ,на који се наоѓаат десетина клупи украсени со azulejo плочки и секоја од нив ги престаува десетте шпаснки провинции со име и мапа на истата. Санта Круз стариот еврески кварт – бели улички , цветни дворови, мали плоштадчиња со палми и Кралската палата Alcazares
Враќање во хотел Ноќевање
6 ден 13.05 .2022 СОФИЈА -СКОПЈЕ
Појадок ( Ланч пакет ) Во раните утрински часови напуштање на хотелот и заминување за Софија . Полетување во 06,45 часот Пристигнување во 11,15 часот Трансфер до Скопје
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 499€ – за уплата до 15.03.2022
РЕДОВНА ЦЕНА 549€
Во цената е вклучено
- Трансфер Скопје –Софија аеродром –Скопје – минибус
- Авиокарта на релација Софија –Малага –Софија
- Аеродромски такси и багаж до 7кг
- Трансфер аеродром – хотел -аеродром
- Сместување во хотел 3* https://www.bajondillo.com/ на база 4 ноќевања со појадок
- Разглед на Малага
- Организација и водство на патувањето
Во ценета не е вклучено
- Доплата за багаж до 10кг со димензии (55х40х23) 2 900.00 ден
- Доплата за вечера
- Факултативен излет Гранада 80€ со вклучен превоз , влезница за АЛХАМБРА
- Минимум 15 патника
- Факултативен излет Севиља 80€ со вклучена влезница за ALKAZAR. Минимум 15 патника
- Факултативен излет Кордоба 65€ со вклучен превоз , влезници Минимум 15 патника
- Патничко осигурување 300 ден
- Се она што не е споменато во програмата
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.
Влезот во Шпанија е исклучиво со вакцини,од кои не е прифатена само вакцината на Спутник
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници (факултативните излети се од отворен тип и цената на истите може да варира во зависнот од пријавениот број на патници)
Најава за факултативни излети задолжитено со резервација
Уплата на аранжман минимум 50% при резервација
Комплетна уплата 15 дена пред тргнување.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ПАРАДИЗО ФЛАЈ.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми).и цената Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
ВИДЕО
Временска прогноза
Локација